Греењето на пелети бележи голем пораст во Америка и секаде во светот, па така и кај нас. Пелетите се енергетско гориво кое се добива со посебна технолошка постапка на мелење, сушење и пресување на разни био материјали кои можат да се користат за греење. Тие претставуваат многу ефикасно гориво за греење, а како суровина за нивно производство може да послужи дрво од шумски отпад, огревно дрво, пилевина и останат отпад од преработки на дрвото (дрвени пелети), потоа слама од соја, пченица, пченка, лушпи од сончоглед (агро пелети).
Пелетите се многу корисни бидејќи бараат малку простор за складирање. Погодни се за користење и од таа причина што за нивно согорување се користат котли кои можат да бидат целосно автоматизирани, како и поради тоа што создаваат многу малку пепел.
Пелетите, како и биомасата воопшто, стануваат се позастапен вид на греење. Биомасата е долгорочно решение, додека останатите горива ги има во се помали и ограничени количини. Пелетите во вид на топчиња се мнгоу густи и можат да бидат произведени со ниска содржина на влага ( под 10%) која им овозможува да горат на многу висока температура и со зголемена ефикасност. Исто така, нивната правилна геометрија и мала големина може да им овозможи автоматско „хранење“ на печката со мали подесувања, а од друга страна тие се високо еколошки енергент бидејќи испуштаат помалку CO2 емисии во воздухот и така го чуваат здравјето на луѓето и придонесува во борбата против глобалното загревање. Користење на еден тон пелети за иста количина на топлина за греење, заменува:
500 литри масло за домаќинствата или,
450 кг пропан – бутан или,
4.800 киловат часови електрична енергија
Значително се намалува емисијата на штетни гасови како јаглен диоксид, сулфур диоксид и жива, а по согорувањето остава дури 0,5 – 1% пепел.
На едно просечно домаќинство му се потребни 2,67 тони пелети.
Извор: agroinfonet.com
