Пчелните семејства во текот на зимата се обвиени со слој влажен воздух кој е нешто потопол од надворешниот воздух. Како топлината, така и влажноста на таа обвивка потекнува од самото пчелно семејство, бидејќи секој килограм потрошен мед создава килограм вода која треба да излезе од кошница во форма на пареа.
Таа обвивка ги штити пчелите од непосредно влијание на надворешните температури. Ако кошниците се изложени на ветер, струењето на ветерот околу кошницата непосредно ќе ја извлекува таа топла обвивка и со тоа се повеќе ќе ја лади надворешната површина. Последица на тоа ќе биде трошење на храната, често во толкава мера да пчелите до пролет ќе потрошат и до 90% од зимските залихи.
Aко пчелите мораат да трошат повеќе храна, тие природно, создаваат и повеќе влага која струењето на воздухот ја носи и во просторот на кошницата каде се згуснува во вид на роса, а капките од капакот на кошницата ќе паѓаат врз пчелите. Со тоа пчелите ќе бидат вознемирени, ќе трошат уште повеќе храна и ќе создаваат уште повеќе влага.
Затоа зимската заштита на пчелите од ветер е исклучително важна. Онаму каде што пчелите немаат природно засолниште најлесно можеме да го зачуваме пчеларникот од ветер со катранска хартија со која целиот ред од кошници добро се покрива и се ставаат тешки предмети, тули и слично. Ако се прави ветробран од штици, помеѓу поединечните штици треба да се остави растојание околу 4 см.
Постепеното изложување на мали количини на топлина низ горниот дел во нормално презимување, ќе одстрани дел од вишокот влага во кошницата. Но Бидејќи пчелите во зима немаат вентилација, во кошниците може да дојде до слична ситуација како и поради дејството на ветерот.
За да се овозможи излегување на влагата низ единствениот долен отвор, тој би требало да е релативно голем и да се простира на пример низ целата должина на кошницата. Но таквиот отвор би имал своја лоша страна и би пропуштал многу студ. Излегување на влагата најдобро овозможува горниот отвор, па и да е најмал.
Постои добар начин за одстранување на влагата од кошницата и без горен отвор, а тоа е нејзино испуштање низ капакот во просторот за затоплување. За таа цел се отстранува чепот на капакот и на негово место се става парче мрежа од жица, а преку целиот капак се става материјал за затоплување.
Како материјал со кој кошниците најдобро ќе се затоплат, можат да послужат сошиени перничиња од рогозина или слама, дебели околу 3 см. Под нив претходно се поставуваат неколку листови весник, а врз сето тоа рамен покрив, покриен со лим. Сите покриви мора да имаат т.н окапница за дождот да не се излизгува и со тоа да не се навлажнува кошницата.
Извор: agroportal.hr
