Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Европа и недостасува шеќер? Производителите на шеќерна репка се соочуваат со проблеми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > На Европа и недостасува шеќер? Производителите на шеќерна репка се соочуваат со проблеми
ПазариРастително производство

На Европа и недостасува шеќер? Производителите на шеќерна репка се соочуваат со проблеми

Објавено 26/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на шеќерна репка минатата година претрпеа бројни штети, а во Европа има се помалку. На тоа големо влијание имаат ниските цени кои не се доволни за одржливост, но и забраната за употреба на активни материи за заштита на оваа култура. Затворени се голем број шеќерани, а неповолните услови како што се сушата, болестите, штетниците и вирусите го отежнаа производството.

Според досегашните проценки, во Европската унија и Велика Британија се очекува намалено производство на шеќер и изоглукоза дури за 10 % , во однос на претходната година, односно 16,3 милиони тони. Бидејќи Обединетото Кралство повеќе не е дел од ЕУ, проценките за периодот 2020/21 дополнително се намалуваат на 15,4 милиони тони, што е речиси за 15 % помалку од претходната сезона.

Помалку површини засеани со шеќерна репка

– „Се очекува дека оваа индустрија веројатно веќе нема да може да ја снабдува прехрамбената индустрија“, вели за agrarheute др. Херман Јозеф Шмиц од фабриката “Pfeifer&Langen” коментирајќи го лошото производство во Германија. Тој смета дека недостатокот ќе мора да го надокнадат со увозот.

Со оглед на ниските цени, земјоделците ширум ЕУ во текот на 2020 година го намалија производството на шеќерна репка за 2,3 отсто. Така во Франција и Германија шеќерна репа била засеана на помала површини, а тоа воедно е последица на затворањето на погоните за преработка на шеќер во тие две држави, кои се водечки по ова производство.

Франција забележа најлоши приноси во последниве 20 години, а Шмиц проценува дека овогодинешните приноси се пониски за околу 25 отсто. Една од главните причини за тоа е вирусот жолтица за кој да потсетиме, производителите побарале помош бидејќи поради него приносите се намалиле од 30 до 50 отсто. Дополнителен проблем создаде и сушата.

Во Полска пак е друга ситуацијата и тоа благодарение на државната помош. Проценето е дека таму површините под оваа култура се зголемиле за 10.000 ха. Меѓутоа, времето и таму влијаело на резултатите на вадење, а имало и проблеми и со болестите како на пример Cercospore beticole која предизвикува дамки на листот.

Ниски цени

Цените најчесто варираат поради бразилското производство. Така просечната цена, според Европската комисија, за октомври 2020 година изнесувала околу 381 евра за еден тон бел шеќер. Според Шмиц тоа не е доволно за одржливо и успешно одгледување на шеќерната репка “Понатамошното заздравување на цените е клучно за производството“, предупредува тој.

Според компанијата “Pfeifer&Langen” оваа година се очекува стабилно одгледување на оваа култура во Европа, а сметаат дека тоа ќе придонесе повторно одобрување на неникотиноидите во некои држави кои се користат за нејзина заштита. Станува збор за вид на пестицид кој последните години е критикуван поради нарушување на здравјето на пчелите. Заздравувањето на производството се гледа и низ мерките за намалување на користење на ѓубриво, а дел се од Зелениот план чија цел е намалување на нивната употреба за 20 отсто до 2023 година. Ова индустриско растение е многу ценето како предпосев за друга култура бидејќи позади себе остава земјиште збогатено со хранливи елементи.

Не е спорно дека за шеќерот на пазарот секогаш ќе има место, но терндовите се менуваат па така и кога се во пршање „слатките“. Купувачите се повеќе бираат поздрави алтернативи, а расте  и популарноста на стевија, јаворов сируп, оризов слад, кокосов шеќер и слично.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Таг:еупроизводствошеќершеќерна репа
Претходен напис Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар
Следен напис Почнува исплатата на јануарските пензии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?