Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови, критериуми и потребна документација за апликација за субвенционираниот станбен кредит, преку проектот „Купи куќа, купи стан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Услови, критериуми и потребна документација за апликација за субвенционираниот станбен кредит, преку проектот „Купи куќа, купи стан“
Агровест

Услови, критериуми и потребна документација за апликација за субвенционираниот станбен кредит, преку проектот „Купи куќа, купи стан“

Објавено 25/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со цел да се даде поддршка за граѓаните кои немаат сопствено живеалиште и на полесен и поевтин начин да го решат станбеното прашање, Министерството за финансии на РСМ  ги подобри  условите за субвенциониранитот  станбен кредит „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“

-Обезбедени се значително пониски каматни стапки, кои достигнуваат и под 3%.

– Зголемена е висината на  субвенциите кај некои од моделите.

– Предвидени се дополнителни субвенции за секое новородено или посвоено дете во рок од 10 години од земање на кредитот и тоа во висина од 30% од месечната рата.

Осовни услови за да можете да аплицирате на  добивање станбениот  кредит „КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“  се следните:

  • Месечните приходи и приходите на брачниот другар, заедно се треба да бидат ПОМАЛИ од 1.300 евра, или доколку не сте во брак, приходите треба да се ПОМАЛИ од 900 евра;
  • Брачните другари да немаат друг стан или куќа;
  • Брачените другари да немаатподигнато друг станбен кредит;
  • Апликантите треба да одговараат на критериумите за добивање станбен кредит пропишани од деловната банка;

За овој кредит може да се аплицира во неколку категории и тоа: „Купи стан за млади под 35 години“, „Купи стан за возраст над 35 години“, „Купи куќа за млади под 35 години“, „Купи куќа за возраст над 35 години“, „Догради/надгради за млади под 35 години“ и „Догради/надгради за возраст над 35 г.“

Апликантите во било која од наведените категории ќе можат да одбрат помеѓу две опции и тоа:

  • Опција „УЧЕСТВО“ каде што Владата ќе субвенционира во учеството за станбениот кредит и тоа во зависност од категоријата на кредитот, субвенцијата може да изнесува од 50- 80% од висината на учеството.
  • Опција „РАТА“, каде што владата плаќа одреден процент од месечната рата за кредитот ( главнина и камата) ,во зависност од категоријата.

Постапка за аплицирање за СТАН:

  1. Пронајдете стан со цена до 900 евра за м2 (со вклучено ДДВ)
  2. Потпиши преддоговор со изведувачот или инвеститорот (станот мора да биде нов)
  3. Поднесете апликација во банка

Постапка за аплицирање за КУЌА:

1. Купите/обезбедете плац: Плацот може да се купи од општина или од приватно лице, или доколку доградувате/ надградувате куќа, склучете договор за пренос на право на градење со сопственикот на куќата

2. Обезбедете идеен и изведбен проект за куќа

3. Извадете градежна дозвола: Одобрението за градба се вади електронски и треба да гласи на име на барателот (https://www.gradezna-dozvola.mk/)

4. Склучете преддоговор со градежна фирма (доколку купувате веќе изградена куќа од градежна фирма, овој чекор се прескокнува)

5. Целокупната документација поднесете ја во банка

Напомена: големината на станот/куќата треба да биде помала од 150 м2.

Сите граѓани кои ги исполнуваат овие услови , можат да аплицираат во една од осумтте банки кои учествуваат во проектот: НЛБ банка, Стопанска банка Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

Сите подетални информации околу каматните стапки и конкретни примери околу висината на субвенциите можете да ги прочитате на следниот линк „Купи куќа купи стан“

Може да ви се допадне

Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:документацијакредиткупи куќа купи стануслови
Претходен напис Почна аплицирањето за субвенции преку „Купи куќа, купи стан“
Следен напис Бачовски: Грант од 32.8 милиони денари за општина Делчево, пари за улици, канализација и затворен градски пазар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?