Бил Гејтс, американски деловен магнат, филантроп, еден од најбогатите луѓе во светот, кој исто така епознат по своите рани програмерски вештини, сопственик е на скоро 98.000 хектари земјоделско земјиште ширум САД. Иако е тешко да се поверува дека овој милијардер ќе се занимава со земјоделство, тој е сопственик на најголемата обработлива површина во Америка, пишува The Land Report.
После повеќегодишните извештаи за купување на земјоделско земјиште како на пример на Флорида и Вашингтон, откриено е дека Гејтс, според Форбс, поседува земјиште со нето вредност од скоро 121 милијарда долари, во 18 сојузни држави.
Така на пример, неговите најголеми поседи се наоѓаат во Луизијана (скоро 28.000 ха), Арканзас (19.396 ха) и Небраска (8.332 ха). Покрај тоа, тој има удел од 10.421 хектари земја на западната страна на Феникс во Аризона, која се развива во ново предградие. Според истражувањето, тоа земјиште е во сопственост на Каскад Инвестментс, односно во сопственост на неговата инвестициска компанија.
Иако е изненадувачки дека еден милијардер би се занимавал со земјоделство, ова не е неговиот единствен влез во оваа гранка. Во 2008 година, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс најави вложување во неповратни сретстсва во висина од од 306 милиони американски долари за промовирање на одржливото земјоделство со високи приноси помеѓу малите фармери во субсахарска Африка и Јужна Азија.
Исто така, фондацијата инвестираше во понатамошен развој и проширување на земјоделските култури кои се отпорни на климатските промени, како и во млечни крави со поголем принос на млеко. Овие напори беа актуелизирани минатата година преку непрофитната организација „Gates Ag One”.
Сè уште не е познато како се користи земјоделското земјиште кое е во негова сопственост, но има индиции дека може да се користи на начин што е во согласност со она што го промовира фондацијата, но и самиот тој. На неговиот блог „ГејтсНотс“ тој редовно пишува за климатските промени и за тоа колку земјоделството е одговорно за емисијата на штетни гасови.
„Зачудувачки е фактот дека во почвата има повеќе јаглерод отколку во атмосферата и во целокупниот растителен свет“, вели тој.
Извор: Агроклуб
