За жал, ретко јадеме сè што ќе купиме и ќе подготвиме. Истражувањата покажуваат дека околу 53%, а според некои студии дури 70% од вкупната количина на фрлена храна потекнува од домаќинствата.
Токму поради тоа, во Република Хрватска ,министерството за земјоделство започна со низа активности насочени кон подигнување на свеста на потрошувачите во врска со проблемот со прекумерно губење на храна, со цел да се променат навиките и однесувањето на граѓаните при ракувањето со храната дома, на работа, на училиште, во продавница или во ресторан.
Сите ние треба да се обидеме да го намалиме отпадот од храна во нашите домаќинства за време на претстојните празници. Еве неколку совети за тоа:
1. Планирајте што купувате
Однапред смислете што ќе готвите, а пред да одите да купувате, проверете кои намирници веќе ги имате дома и подгответе список со намирници што ви требаат.
2. Купувајте разумно, без да создавате залихи што не ви требаат
Сите ние често го менуваме мислењето околу храната што ни е потребна, особено ако видиме некои промоции и попусти. Исто така, тоа не тера да купуваме храна што не ни треба или да купуваме поголема количина од она што навистина ни треба.
3. Правете разлика при означувањето на рокот на употреба на храната („најдобро за употреба до“ и „употребливо до“)
Означениот датум за „Најдобро да се користи до“ е т.н. „Квалитетен датум“ што го покажува датумот до кога храната ги задржува своите квалитативни својства, доколку е правилно зачувана. Многу прехранбени производи со поминат рок од датумот означен со „најдобро да се користи до“ се уште се безбедни за консумирање по овој период, но постои можност за нешто намален квалитет (на пр. промена на аромата, цврстината, текстурата). Датумот „Употребливо до“ е т.н. „Безбеден датум“ и се наоѓа на храна што е расиплива од микробиолошка гледна точка. После „датумот на употреба“ храната станува небезбедна и може да претставува непосредна опасност по здравјето на луѓето и не е за консумирање.
4. Организирајте го фрижидерот и оставата, пред празниците
Правилно складираната храна според упатствата на производителот е безбедна за употреба и останува свежа подолго. За време на складирањето и подготовката, одделете ја сировата од готовата храна.
5. Чувајте ги остатоците во фрижидер или замрзнете ги
Поделете ја претходно подготвената храна на помали порции за да можете по потребада ја извадите од фрижидер или од замрзнувач. И тука водете сметка за безбедноста на храната и не ставајте топла храна во фрижидер, а откако еднаш сте ја одмрзнале, храната консумирајте ја во рок од 24 часа по одмрзнувањето.
6. Послужете помали количини на храна на чинијата
На овој начин,се намалува количината на преостаната храна на чинијата, а се подразбира дека секој може да ја дополни својата чинија.
7. Бидете иновативни и практични – нови рецепти
Од остатокот од оброкот може да се подготват интересни јадења за следните оброци, на пр. салати со ладно печено месо, кнедли од леб, ролни од компир- пире, крем супа од зеленчук и сл.,а користењето на остатоци од претходните оброци го скратува времето потребно за подготовка.
8. Донирајте храна
Во текот на целата година, треба да бидеме социјално чувствителни и да ги споделуваме намирниците и вишокот на храна со сиромашните.
Со намалувањето на количината на храна што се фрла се намалуваат и трошоците за целото домаќинство, но исто така тоа придонесува за лично чувство на задоволство.
Извор: Агропортал
