Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Природниот сапун од козјо млеко на семејството Стојневи се прави по традиционален рецепт, а се сече со жици од пијано и гитара
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Природниот сапун од козјо млеко на семејството Стојневи се прави по традиционален рецепт, а се сече со жици од пијано и гитара
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

Природниот сапун од козјо млеко на семејството Стојневи се прави по традиционален рецепт, а се сече со жици од пијано и гитара

Објавено 15/12/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сапун направен од органско козјо млеко, е производ на кој веќе четири години работи семејството Стојневи од Скопје и се обидува од него да направи сопствен бренд. Рецептот по кој го прават им е наследен, а во бизнисот денес се вклучени сите членови на семејството.

„Идејата ми е од мојата баба Фима. Се сетив како  ни раскажуваше дека порано немало со што да ги капат децата, а имало кози, па правеле сапун за деца.Си помислив зошто да не пробаме па да правиме и ние“, раскажува Малинка Стојнева.

Сапунот од козјо млеко е мелем за сечија кожа, а особено за оние кои страдаат од сува кожа, егзема, псоријаза или други кожни болести. Направен од најчисто козјо млеко збогатено само со органско ладно цедено маслиново или кокосово масло, сапунот на Стојневи не содржи никакви хемикалии. Се произведува низ ладен процес, што е многу важно за да се задржат сите лековити и корисни состојки од свежото козјо млеко, заради кој сапунот е толку пријатен за кожата. Целиот процес на производство, во семејната работилница во село Миладиновци во близина на Скопје е рачен, а калапите и начинот на сечење се нивни изум.

„Во ладното производство не постои термичка обработка на сапунот. На собна температура се мешаат состојките според нашиот рецепт, по што се лие во калапите. По 24 часа се вади од калапот и се сече. Она што е интересно е сечењето бидејќи ножевите се моја иновација. Првото сечење се прави со жица од пијано, а следните две сечења со жица од гитара. Потоа мора да отстои два месеци додека да заврши процесот на сапунификација“, вели Марјан Стојнев.   

Непреработеното козјо млеко од кое се прави сапунот на Стојневи е богато со витамини Е, А, Б6 и Б12 кои ја омекнуваат кожата, ја одржуваат еластична и влажна и заедно со маслата богати со витамини А, Д, Е и К и минерали калциум, фосфор, натриум, калиум и железо, омега-3 и омега6 масните киселини го забавуваат стареењето, ја забрзуваат регенерацијата на кожата, а со подолго користење се намалуваат воспалителните процеси.

„Сапунот се испитува и секоја година добива сертификат од Институтот за јавно здравје. Содржи и селен кој ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци од сонцето и заради тоа особено го препорачувам во летниот период“, вели Стојнев.

Во својот  погон за производство во село Миладиновци, членовите на семејството Стојневи, сапун  прават од мај до септември, односно во периодот кога има козјо млеко. Млекото го купуваат од фарма која се наоѓа во планинското село Градиште и која произведува еколошки чисто млеко. Произведуваат 6.000 парчиња сапун годишно, што го пласираат на домашниот пазар. При тоа внимаваат целосно да го запазат семејниот рецепт и тајните на производството, но пред се се внимава да се зачуваат хранливата состојки.

 Марјан Стојнев најавува дека асортиманот наскоро ќе се зголеми со уште неколку видови сапуни во различни форми и со различни додатоци, а дел од нив ќе се обидат да ги пласираат и на странските пазари.

„Традицијата што ја имало семејството на мојата мајка, од 2016 година ние почнавме да ја претвораме во посериозен бизнис. Во моментов работиме на нов калап од дрво во кој ќе произведуваме нови сапуни со додатоци од органски мед, аронија, бадем… и со нив планираме да излеземе на странските пазари“, вели Стојнев.

За бенефитите од користење на козји сапун

Сапунот е наменет за сите генерации, за секој тип на кожа и за нега на целото тело и коса. Со еден збор, во него се содржат сите природни, органски елементи заедно. И секако, најважно е што во него нема ниту капка хемија.
Со редовното користење на сапунот од козјо млеко може да се  намалат  воспаленијата на кожата. Козјото млеко е богато со алфа хидроксилни киселини кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и го потикнуваат растењето на нови и здрави клетки.

Овој природен сапун всушност е мешавина од животинско и растително потекло. Не се додаваат есенцијални масла за да не дојде до некоја несакана алергиска реакција кај некои корисници.

Сапунот од козјо млеко содржи селен, за кој е докажано дека ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци од сонцето. Се препорачува за секој период од годината, а особено во летниот период, кога  UV зрачењето е високо и делува штетно на кожата.

Производите може да се купат во ДМ дрогериите, аптеката Виола, продавницата за здрава храна „Мар вик“ и козметичкиот салон „Жанета естетик“.

Извор: Иновативност

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:козјо млекосапунСтојневи
Претходен напис Tутунарите барат итна средба со министерот за земјоделство утре или в среда излегуваат на протести
Следен напис (Видео)Хит кај бразилските сточари -Робот ги храни свињите и им пушта музика
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?