Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одгледувањето на лаванда многу се разликува од одгледувањето на пченица или пченка – кога е сезона секој ден има работа!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Одгледувањето на лаванда многу се разликува од одгледувањето на пченица или пченка – кога е сезона секој ден има работа!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРастително производствоРурален Развој

Одгледувањето на лаванда многу се разликува од одгледувањето на пченица или пченка – кога е сезона секој ден има работа!

Објавено 12/12/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Идиличните полиња со лаванда се слика од која застанува здивот. Инес Мековец од Осијек одлучила токму таа слика да ја направи дел од своето секојдневие и да го претвори своето хоби во работа. Пред две години го формирала земјоделското стопанство „K.T.M. natura’“ и почнала да се занимава со одгледување и преработка на лаванда. Се започнало од љубов кон природата.

Идилата е остварлива само со добра помош

-„Откога знам за себе имаме викендичка во Ердут, во која моите родители вложија многу труд. Во прекрасното опкружување на куќата, најпрво имаше една до две грмушки лаванда, а потоа како подарок моите родители добија стотина садници и така започна потрагата по поголема парцела“, раскажува Инес за почетоците на својата приказна, откривајќи дека погодно земјиште пронашле во Аљмаш, односно како што опишува, во сончевата јужна долина со поглед на Даљ, Дунав и вуковарскиот Водоторањ.

– „Се работи за еден и пол хектар водопропустливо земјиште на кое посадивме околу 10 илјади садници. Така моето хоби прерасна во нешто многу посериозно“, вели и додава дека никогаш не е доцна да се остварат соништата, ако се вложи доволно труд. А за остварување на соништата и плановите, секогаш е добредојдена помош.

Финансиската поддршка добиена од  Осијечко-барањската жупанија се покажала како полн погодок бидејќи благодарение на тоа оваа жена добила поврат на 50% од сумата на пари кои ги вложила во купување на дестилатори за етерично масло од лаванда.

– „Тоа е одличен јавен повик, без многу компликации и без многу документи. Комуникацијата со надлежните е јасна и едноставна па навистина секому би му препорачала да се пријави. Без таа поддршка тешко дека ќе дојдев до дестилатори“, вели Инес.

Инес додава дека, одгледувањето на лаванда сеуште и е втора работа, но планира во иднина да и биде прва и единстена. За сега освен суви цветови од лаванда, произведува и масло и хидролат. Посебен акцент става на добрата соработка со Преханбено-технолошкиот факултет и помошта од страна на професорката Стела Јокиќ, при развојот на производи и производните постапки, како и професорот Давор Кралик од Факултетот на агробиотехнички науки при претворањето на раститетлните остатоци во пелети за греење.

Многу работа и многу предизвици

Сепак, не е се така идилично „Немаме приклучок за вода, а како што изгледа, на осјечкото водоводно претпријатие тоа не им е во план. Тоа ме чуди бидејќи има многу обработлива земја, има многу луѓе кои живеат таму или имаат викендички и никој нема вода. Немаме можност ниту за копање на бунари бидејќи водата е на голема длабочина па е целосно неисплатливо“, коментира таа откривајќи дека водата ја носат во пластични контејнери. Додава, дека за среќа, лавандата треба да се наводнува само додека е мала и сушата не и претставува проблем.

Одгледувањето на лаванда, се разликува од одгледувањето на пченица или пченка и има многу работа. Во текот на сезоната скоро секој ден треба да се биде на нива. Најмногу работа има додека е мала. Треба да се окопува, наводнува и рачно да се кастри за да може растението да развие појака грмушка. Исто така има и многу треви кои треба рачно да се отстранат или пак со мал трактор. „За среќа, лавандата не е склона на болести па нема потреба од прскање“, вели Инес објаснувајќи дека лавандата се сади во пролет или есен.

Дополнителен проблем се сезонските работници кои тешко се наоѓаат, а за време на бербата се неопходни. Бербата трае максимално петнаесет дена во периодот јули – август.

Убавина и здравје со „мирис за душата“

И покрај сите предизвици, Инес вели дека нема да се откаже од својот план и со иста страст зборува за работа во полето и за производите од лаванда. Поетично потсетува на изреката –„Како што е розата мирис за срцето, така лавандата е мирис за душата“. Етеричното масло од лаванда кое таа го произведува, делува релаксирачки и е едно од ретките етерични масла кое може да се нанесува диекно на кожата, ја смирува и иритацијата на кожата, а се користи и против акни и осип.

– „Може целосно да го замени тоникот за лице, да биде подлога за шминка, да ја ублажи болката при убод од инсекти или кај изгореници од сонце, а може да се користи и како тоалетна вода. Сувиот цвет од лаванда е идеален за украсување, за правење мирисни перничиња кои се ставаат во плакарите“… наборјува Инес.

За сега, таа своите производи ги продава главно на големо, повеќето завршуваат кај туристите и затоа нејзинот земјоделско стопанство е зависно од туристичката сезона. Но еден од нејзините плановите е и малопродажбата што би требало наскоро да го реализира. Планира да ги прошири насадите, па затоа бара нови соодветни парцели кои нема да бидат многу далеку од постоечките. Една целосно нова миризлива авантура планира во иднина да и биде , одгледувањето на рузмарин.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:Инес Мековецлавандаодгледување
Претходен напис Проверете дали сте на списокот за 6.000 денари за купување домашни производи
Следен напис Магарешкото млеко, за време на пандемијата, стана вистински хит во Албанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?