Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сакате да одгледувате кантарион – прочитајте како правилно да го направите тоа!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Сакате да одгледувате кантарион – прочитајте како правилно да го направите тоа!
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

Сакате да одгледувате кантарион – прочитајте како правилно да го направите тоа!

Објавено 29/11/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кантарион ( hypericum perforatum) е повеќегодишно лековито растение, кое расте високо од 50 до 100 сантиметри. Има цврсто, аголно разгрането и исправено стебло. Лисјата му се  проткаени со многу провидни точки. Тоа  се всушност жлезди исполнети со етерично  масло, така што листот изгледа  како издупчен. Цветовите се наоѓаат на врвот од стеблото и имаат жолта боја. Жолтите цветови имаат по пет ливчиња, а од долната страна имаат црни точки.

Услови за одгледување на кантарион

Кантарионот е повеќегодишно растение и не се практикува  во класичниот плодоред, но потребно е да се внимава после која култура може да се сади. Најдобро е за предкултури да се садат видови кои почвата ја оставаат без плевел. Значителното појавување на плевел во првата година може да биде пречка за успешно развивање на насадот.

Кантарионот останува на истата парцела неколку години, така што орањето треба да се направи што е можно подлабоко. Орањето треба да биде на длабочина од 30-40 сантиметри, а потоа треба да се  направи и фина подготовка на почвата.

Земјиштето треба да се подготви за есенско садење.Кантарионот најдобро поднесува  ѓубриво што се нанесува при подготовката на почвата во количина од 30 до 50 тони на хектар, а минералните ѓубрива се аплицираат непосредно пред садењето.

Може да се одгледува на скоро сите видови почва, освен на влажна и мочурлива. Има големи потреби од топлина па затоа, треба да се одгледува на сончеви и светли парцели.

Берење на кантарионот

Кантарионот се бере во два наврати и тоа со косење, а старите остатоци од стебленцата се отстрануваат. Ова треба да се направи по секое косење за да може нормално да се развиваат новите надземни изданоци.

По првото косење, наводнувањето е задолжително, што им помага на младите стебла да се развиваат побрзо. Растението е зрело  за првото косење во јули, а за второто во август, односно за 35-50 дена.

Многу е важно да се напомене дека кантарионот лесно страда од т.н „болест на овенување“, која може да биде со таков интензитет што целосно ќе го загрози одгледувањето.

Помали количини на кантарион може да се остават да се сушат природно на темно место каде што има провев во сноп што не смее да биде подебел од 10 сантиметри.

Сушењето во сушари се изведува на температура од 50 ° С. Сувите растенија мора да ја задржат својата природна боја и својот карактеристичен мирис. Од 4 до 5 килограми свеж кантарион се добива 1 килограм сува маса.

Како се пакува кантарионот?

Од кантарионот се собираат листовите, цветовите, пупките и семето. Најчесто горните врвови на растението се собираат во должина од 15-20 сантиметри, така што тие можат да се врзуваат во снопови и да се сушат под сенка.

Вака исушено, ова лековито растение треба да се искрши  рачно и да се спакува  во херметички затворена амбалажа изработена од повеќеслојна хартија, картон, дрвени кутии обложени со кујнска хартија, во метални кутии или во стаклени тегли. Од пупките на кантарионот се добива масло кое се пакува во стаклени садови.

Лековити својства на кантарионот

Кантарионот популарно се користи за лекување на исекотини, изгореници, хемороиди, за заздравување на рани, но исто така и како природен антисептик, против болка во црниот дроб, стомакот и така натаму. Измешан со други билки, тој е одличен лек за кашлање и астма. Исто така се препорачува за проблеми со уринарниот тракт.

Чајот од кантарион се пие неколку пати на ден  како лек за бројни воспаленија на внатрешните органи. Маслото од ова растение се користи за лекување на рани, исекотини, изгореници и други повреди.

Етеричното масло од кантарион делува против цревни паразити. Фенолните соединенија кои се наоѓаат во кантарионот имаат изразена антибактериска моќ. Кантарионот е добар за лекување на умерена до лесна депресија. Исто така, широко се користи во козметичката индустрија.

Извор: Агропортал

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:кантарионодглледувањесвојствауслови
Претходен напис ЕУ бара од Бугарија да врати околу 6 милиони евра, средства наменети за проекти од Програмата за рурален развој – виновни се главно општините!
Следен напис Со анализа на почвата и соодветна прихрана, до високи приноси и берба дури до ноември!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?