Матичниот млеч е одличен производ од пчелите, што се добива со директно вадење од кошницата. Содржи многу корисни материи кои имаат исклучително корисен ефект врз човечкото тело. Нутриционистите велат дека тоа е најдобрата храна што го храни, лечи и закрепнува целото тело.
Производ од младите пчели работнички
Матичниот млеч претставува производ на младите пчели работнички. Тие произведуваат матичен млеч од поленот, цветниот нектар и водата и го лачат преку своите жлезди. Главната намена на овој пчелин производ е да ја храни матицата. Обичните пчели не јадат матичен млеч и живеат само неколку месеци. Спротивно на нив, матиците живеат повеќе од пет години благодарение на матичниот млеч. Ова кажува какво е неговото влијание врз здравјето и долговечноста.
Тоа е кремаста, густа, млечно-бела течност.

Исто така е богата со многу корисни и лековити супстанци. Содржи минерали, многу аминокиселини, јагленохидрати, супстанци слични на хормони, протеини и др. Ги содржи сите витамини и се карактеризира со особено висока концентрација на витамините Б5 и Б6, што се смета за најголема во однос на сите други намирници.
Лековитите својства на матичниот млеч се многубројни. Сепак, кога го купувате, тоа нека биде од проверени пчелари, бидејќи врз неговиот квалитет и лековитите својства влијаат различни фактори. Многу е важно да се знае: возраста, областа каде што се чуваат пчелите, како е собриран и чуван и како се употребува. Сите овие податоци се индикатори за тоа дали станува збор за квалитетен производ.
Матичниот млеч е чувствителна храна и пчеларот треба да има знаење и искуство за негово собирање и чување. При тоа нестручното постапување при овој процес ќе резултира со слаб квалитет, па дури и со добивање на штетен производ.
Повеќекратна корист од матичниот млеч
Обезбедува мирен сон, ја смирува нервозата, го зајакнува организмот и го подобрува имунитетот. Кај спортистите и болните, помага при закрепнување. Тој помага да се елиминираат слободните радикали и разни токсини од телото. Ги намалува проблемите за време на менопаузата и андропаузата. Се користи за проблеми со разни болести, почнувајќи од невротични болести па се до тумори. Пациентите со рак полесно ја поднесуваат хемотерапијата и зрачењето, ако консумираат матичен млеч. Како и сите природни препарати, се препорачува и матичниот млеч да се користи со предходна консултација на лекар.
Еден од начините за употреба на матичниот млеч, е тој да се измеша со мед и со тоа да се искористат лековитите својства на двата производи. Потоа може да се стават неколку капки директно под јазикот. На овој начин, тој брзо се апсорбира и директно влегува во крвотокот. Може да се користи и растворен во 20% или 40% алкохол во форма на тинктура.
Постојат различни можности за употреба на матичниот млеч, а денес има многу производи направени врз база на матичен млеч. Во продажба можете да најдете разни сирупи, мешавини со мед, разни тинктури, бонбони, креми и многу други производи.
Извор: Агроклуб
