Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски : Петстотини и четириесет земјоделци ќе добијат нови трактори преку програмата за рурален развој, денеска беа доделени првите пет договори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски : Петстотини и четириесет земјоделци ќе добијат нови трактори преку програмата за рурален развој, денеска беа доделени првите пет договори
АгровестиФондови

Бабовски : Петстотини и четириесет земјоделци ќе добијат нови трактори преку програмата за рурален развој, денеска беа доделени првите пет договори

Објавено 28/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.

„Вкупната финансиска поддршка за сите 540 апликации изнесува  206.000.000 денари. Најголем дел од апликантите побараа набaвка на трактори од марката  Тафе, Солис, Махиндра. Заради заштита и намалување на ширењето на „Ковид 19“, сите кои имаат аплицирано за оваа мерка и ги исполнуваат условите, а денеска не се овде договорите заедно со упатство ќе ги добијат на домашна адреса. Откако ќе ги заверат и потпишат 2 примерока од договорите  ќе треба да вратат во Агенцијата. По што може да почнат и со реализација на инвестицијата односно со набавката на тракторот кој им е одобрен со договорот.  Апелирам до сите се додека не го потпишат договорот да не ја почнуваат инвестицијата. “- истакна директорот Бабовски

Со помош на новата набавена, современа механизација се намалуваат производните трошоци на земјоделците, со тоа стануваат поконкурентни и модернизирани земјоделски стопанства.

Модернизацијата на домашниот агро – сектор е од огромно значење затоа што со модерна механизација не само што се намалуваат работните часови на земјоделецот туку тој се прави и поконкурентен затоа што има намалени производни трошоци. Инвестициите и парите вложени во модернизација ни се враќаат преку зголемено производство, квалитетни и производи со додадена вредност кои се конкурентни и на домашниот и на странскиот пазар. Парите од Програмата за рурален развој, преку сите креирани мерки се инвестираат во рамномерен регионален развој. Ги развиваме руралните средини, овозможуваме еднакви услови за живот на сите граѓани. Како Влада ќе продолжиме да ги мотивираме земјоделците да ги зголемуваат површините и производството а ние ќе продолжиме да ги поддржуваме за тие да  растат и да се развиваат. “- истакна заменик министерот Димковски.

Приоритет и на Агенцијата и на Владата е развој на агро секторот и нови инвестиции во земјоделството.

 Преку мерките од  програмите за земјоделство и рурален развој, создаваме поволни услови за подобрување на сточниот фонд, зголемување на производство на млеко, месо, зеленчук и овошје кои позитивно ќе се одразат и на бруто домашниот производ, но и врз растот на домашната економија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Бабовски: Ги развиваме руралните средини, денеска исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Следен напис Матичен млеч – секогаш купувајте го од проверени пчелари!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?