Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како функционираат земјоделските задруги во развиените земји во Европа?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Како функционираат земјоделските задруги во развиените земји во Европа?
АгровестиПазариСовети

Како функционираат земјоделските задруги во развиените земји во Европа?

Објавено 22/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Задругарството во земјите во Европа,  функционира на поинаков начин отколку кај нас. Имено, таму членовите на задругите се фармери, кои се здружиле така што целиот свој имот и го ставиле на располагање на задругата. Тој имот го сочинуваат: обработливо земјоделско земјиште, механизација и опрема, објекти за сместување на стоката, магацини, силоси, транспортни средства и др.

Бројот на членови во ваквите задруги, може да биде ограничен или пак неограничен во зависност од нивните интереси. Бидејќи го здружиле својот имот, како движен така и недвижен, заинтересирани се задругата да биде што е можно попрофитабилна. Од таа причина, во самиот договор кој го потпишуваат при влегуваето во ваквата задруга, ги дефинирале сите делови од договорот до детали за да ги заштитат своите права но и да ги прифатат обврските дефинирани со договорот.

Членовите на задругите на состаноци го бираат и разрешуваат менаџментот, односно директорот, управниот одбор и други тела зависно од потребата. Деловните одлуки ги донесува менаџментот на задругата во договор со членовите на задругата на состаноци, кои се одржуваат во одредени временски интервали.

Ваквиот начин на функционирање на задругите има оправдана цел, а тоа е опстанокот на самата задруга, бидејќи конкуренцијата која владее на пазарот е многу голема. На овој начин земјоделските задруги, стануваат сериозен земјоделски субјект кој има шанси успешно да делува, да се шири и ја зголемува заработката. Заработката остварена на овој начин се дели со членовите на задругата по договор склучен при самото зачленување во неа. Исто така, на менаџментот му се исплаќа и месечна плата.

Заработката која се остварува со делување на задругите се насочува кон нови работи и нови пазари или пак се депонира во деловните банки. Заради зајакнување на конкурентноста, некои задруги се здружуваат со други задруги или други земјоделски субјекти односно трговски синџири и преработувачи, поради поголем профит.

Во некои земји поголемиот број задруги се здружиле по хоризонтала (членовите се занимаваат со иста дејност) или по вертикала(со оние кои се занимаваат со друга дејност), кои исто така прават големи конкурентни системи кои го контролираат поголемиот дел од пазарот. Таквите системи најчесто имаат примарно производство, преработка, транспорт, малопродажба и големо продажба. Во ваквите фирми настанати со здружување на задругите се заработуваат големи пари кои служат за исплата на дивиденда, месечни заработки, а исто така и за нови инвестиции.

Извор: pssrs.net

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:европаземјоделски задругипрофитфункционирање
Претходен напис Во Бугарија одгледана нова сорта на екстремно лути пиперки – Првото место во светот сè уште е резервирано за сортата Carolina Ripper
Следен напис БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?