Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!
МагазинСовети

БИБЕР – 6 причини за да го користите секој ден!

Објавено 22/11/2020
Сподели
9 мин. за читање
black pepper on the wooden spoon
Сподели
Ad imageAd image

Тешко дека можеме да замислиме некое вкусно јадење што воопшто не содржи бибер. Без разлика дали се работи за мелен или крупен бибер, за топло или ладно јадење, ручек или вечера, овој зачин едноставно е неизоставен дел од нашата трпеза.

Во продолжение, ви откриваме некои занимливости околу биберот – зачин што слободно може да се нарече крал на зачините и преку изнесувањето на научно потврдените факти за неговите најважните корисни дејста, ве охрабруваме уште почесто да го користите неговиот навистина богат вкус.

Црниот бибер потекнува од прашумите во јужните делови на Индискиот Полуостров. Преку воспоставувањето на трговските пати помеѓу западниот свет и далечниот исток пред повеќе векови, биберот влегува на голема врата и во нашите простори.

Која е разликата помеѓу различните типови бибери?

Се работи за зачин добиен од зрнестите плодови (бобинки) кои ни ги дава бликата од семејството Piperaceae, поточно Piper nigrum. На пазарите можеме да сретнеме бибер со различни обојувања. Всушност, иако значително се разликуваат нивните вкусови и ароми, станува збор за истите зрнести плодови, но со различен степен на зрелост и на процесирање (обработка). Зелениот бибер се добива со берење и сушење на бобинките кога тие сè уште не се доволно зрели, додека црниот освен на процесот сушење, пред тоа подлежи и на термичка обработка, односно варење. Белиот бибер пак, се добива со потопување во вода, ферментација и потоа сушење на целосно созреаните бобинки.

Исто така познати се и црвените бобинки, кои иако се доста слични на биберот, сепак припаѓаат на сосема друг вид билка од семејството Capsicum и го содржат познатиот капсицин, кој го дава специфичниот вкус и има навистина импресивни корисни ефекти врз здравјето на човекот (на пример антиканцерогено дејство).

Биберот со векови се користи во традиционалната индиска и кинеска медицина за најразлични заболувања, од третирање на лесни инфекции, па се до третирање на најразлични болки. Познато е и неговото користење за конзервирање на прехранбени производи. Што вели денес науката за можеби најкористениот зачин?

1. Антиоксидативно, антивоспалително и антибактериско дејство

Биберот е одличен извор на антиоксидативни компоненти, пред сè на неговата најпозната фитохемикалија – пиперинот. Студии докажуваат силно антиоксидативно и антивоспалително дејство кај оваа компонента. Тука се и криптоксантинот, зеаксантинот, ликопенот итн.

Дополнително, при консумирање куркума (инаку зачин кој се смета за најдобар во однос на антиоксидативниот состав) заедно со бибер, апсорпцијата на куркуминот (најпотентниот антиоксидант на куркумата) во тенкото црево се зголемува за дури 2000 пати. Причината за ова е токму пиперинот.

[Поврзано: Антиканцерогената куркума – како да го подобрите апсорбирањето за 2000 пати?]

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак зависи и од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Покрај ова, кај биберот е утвредно и одредено антимикробно дејство. Повеќе студии велат дека пиперинот може да придонесе во борбата против различни патогени микроорганизми. Поконкретно, биберот е особено ефективен во борбата со оралните патогени бактерии кои водат кон непријатни состојби како кариес, различни орални воспаленија и гингивитис.

[Поврзано: ГИНГИВИТИС или воспаление на непцата – причини и последици]

Биберот содржи и солидни количества од некои значајни микронутриенти, како витаминот К, антиоксидативните витамини А и Ц и во нешто помали количества манган, калциум, калиум, цинк, железо, магнезиум итн.

2. Биберот може да помогне при дијабет

Претходно споменатиот моќен антиоксидативен состав на биберот (во сите негови форми), може да придонесе и во стабилизирањето на крвниот шеќер.

Низа студии покажуваа дека зачините, како што е биберот, можат да имаат корисен ефект при дијабет тип 2.

Дополнително, истражувачите утврдуваат дека пиперинот значително допринесува за забрзување на метаболизмот, со што може да помогне при процесот на слабеење. Знаеме дека гојазноста е силен ризик фактор за развој на дијабет.

3. Намалување на крвниот притисок и холестеролот

Сите знаеме дека употребата на солта во денешно време е сериозен проблем кога станува збор за одржувањето на нормалниот крвен притисок. Почестата употреба на зачините, помеѓу кои најупотребуван е биберот, може да доведе до значително намалена потреба за посолување на оброците.

Биберот може да помогне и на подиректен начин. Имено, едно анимално истражување од Словачка, утврдува дека пиперинот во одредена мера поседува намалувачко својство на крвниот притисок. Постојат и други студии кои го потврдуваат ова.

[Поврзано: Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот!]

Дополнително, во анималните студии, екстрактот од бибер се покажал како делотворен во однос на намалување и на холестеролните нивоа. Како што претходно споменавме, пиперинот од биберот за 2000 пати ја подобрува апсорпцијата на куркуминот од куркумата, кој исто така има докажан ефект во намалувањето на холестеролните нивоа.

[Поврзано: Липиден профил, или народски кажано – МАСНОТИИ во крвта! – Што треба да знаете?]

4. Подобро здравје на мозокот

Повеќе студии наоѓаат релација помеѓу значително подобрената когнитивна функција и зачестената употреба на биберот (пиперинот).

Така, во едно истражување се вели дека пиперинот може во голема мера да допринесе за подобрувањето на меморијата кај лицата со Алцхајмер, односно има способност да ги успори невродегенеративните процеси во хипокампусот.

Други податоци велат дека пиперинот може да помогне дури и за намалување на типичните симптоми на депресија, како и за намалување на епилептичните напади.

На овие теми, потребни се повеќе истражувања.

5. Поздрави црева

Капсицинот и пиперинот се двете компоненти на биберот кои можат да допринесат за подобро дигестивно здравје.

Нивната ,,лутина” влијае на т.н. TRPV1 рецептори во дигестивниот тракт, што понатаму резултира со излачување на хемикалии кои придонесуваат за намалување на болките и ја подобруваат целокупната ситуација со дигестијата.

6. Потенцијално антиканцерогено дејство

Лабораториските студии кои ја тестирале употребата на куркумата и биберот против малигните ќелии, утврдуваат дека во лабораториски услови, овие зачини делуваат смртоносно на ваквите клетки. Тоа е утврдено и при одделно и при заедничко третирање на клетките со екстрактите од споменатите зачини.

Дополнително, значајно за овие потенцијални антиканцерогени агенси е тоа што практично не поседуваат никакви несакани споредни дејства, кои се пристуни во конвенционалните терапии за канцер. Во иднина се очекуваат повеќе студии на оваа тема кои ќе помогнат да се најде начин за искористување на антиканцерогениот ефект на пиперинот и куркуминот..


Дополнителни, потенцијални корисни ефекти од редовната употреба на биберот:

  • Подобра апсорпција на нутриенти – покрај куркуминиот, биберот ја подобрува апсорпцијата и на други важни хранливи материи (кои неретко се во дефицит помеѓу популацијата!), како селен, калциум, но и одредени антиоксидативни компоненти на зелениот чај на пример.
  • Намалување на апетитот – според некои истражувања, кај биберот е утврден и ваков ефект.
  • Го заштитува црниот дроб – помага во одржувањето на нормалните нивоа на глутатион, важен антиоксидант кој често се ,,троши” со оштетувањата на црниот дроб.
  • Oлеснување на симптомите при респираторни инфекции – потенцијално корисно дејство на антиоксидативните, антиинфламаторни компоненти на биберот. Пред сè, тука се мисли на пиперинот.

Прилогот го подготви Д-р Александар Митов

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:антиоксидансБиберкорисни својства
Претходен напис Како функционираат земјоделските задруги во развиените земји во Европа?
Следен напис (Видео)Сланина во солило – необична подготовка и вкус!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?