Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Бугарија одгледана нова сорта на екстремно лути пиперки – Првото место во светот сè уште е резервирано за сортата Carolina Ripper
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Во Бугарија одгледана нова сорта на екстремно лути пиперки – Првото место во светот сè уште е резервирано за сортата Carolina Ripper
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРастително производствоСовети

Во Бугарија одгледана нова сорта на екстремно лути пиперки – Првото место во светот сè уште е резервирано за сортата Carolina Ripper

Објавено 22/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Habanero plant featuring fresh, ripe habanero peppers, ready for picking
Сподели
Ad imageAd image

Дарина и Христо Родинови, одгледувачи на расад за зеленчук и сопственици на фармата  „Hot Farm“ во селото Страшимирово во Бугарија, успеаа да ја одгледаат најлутата сорта на пиперки во оваа земја, која во моментов е во фаза на патентирање во Унгарија.

“Вкрстивме  две мексикански сорти – Red Habanero  и Trinidad Moruga Scorpio,  која беше најлутата пиперка во светот пред да се појави новата  сорта наречена Carolina Ripper. Добивме пиперка што ја сееме веќе  4-та година по ред и секоја година добиваме ист квалитет. Оваа нова сорта на лути пиперки ја нарековме – бугарски дух “, објаснува Дарина.

Од хоби до сериозен бизнис

Ова семејство, со земјоделство се занимава повеќе од 25 години. Како што велат и самите, за земјоделството научиле сè самостојно од книги и со примена во пракса на наученото. Пред десет години започнаа со производство на лути пиперки. Денес, тие имаат над 300 сорти од кои прават џем и сосови, ги сушат, ги замрзнуваат или мелат, од нив прават грицки и ги продаваат.

“Јас и мојот  сопруг произведуваме расад за зеленчук. На почетокот, сето ова беше наше хоби, а потоа се заљубивме во одгледувањето зеленчук и научивме безброј корисни совети. Ја проучувавме секоја примена, употреба и комбинација на лути пиперки поединечно и верувајте ни, нема граници“. истакнува Дарина.

„Бугарски морков“  е името на најлутата пиперка одгледана до сега во Бугарија, а оваа нова сорта треба да биде 8 пати полута. Треба да се појави на пазарот на есен 2021 година, бидејќи патентирањето трае две години.

“Со помош на анкета дознавме дека 25% од луѓето ширум земјата ги сакаат овие лути пиперки , а 5% се буквално зависни од нив. Верувам дека нивното редовно консумирање е причина зошто има многу помалку случаи на рак во земјите од каде што потекнуваат”, вели Дарина.

Carolina Ripper- најлутата сорта на пиперки во светот

Одгледувачите на лути пиперки секоја година се обидуваат да направат нова мешавина од хибриди, почва и температура за да одгледаат сорта што ќе биде меѓу најлутите, ако не и на прво место. Конкуренцијата е силна, а pepperhead  објави список на најлутите сорти на пиперки  во 2020 година.

Инаку, пикантноста на пиперките се одредува според Сковил скалата(SHU), која се движи од 0 до 16 милиони.

Оваа година, според Гинисовата книга на рекорди, сортата Carolina Ripper успеа да го задржи првото место, што го освои во 2019 година со измерени 2,2 милиони SHU. Оваа сорта  е добиена со вкрстување на сортите Bhut Jolokie и Habanero Red, а творец е Ед Кари.

Пиперките од Carolina Ripper, растат од 100 до 120 см во висина. Тоа е жбунесто растение со  големи и сјајни темно зелени лисја. Се користи за правење зачинети и сосови ширум светот. Освен во оваа форма, може да се користи како прав или како толчена лута пиперка при готвење на разни јадења. Конзумирање  во свежа состојба се препорачува само за луѓе кои имаат висока толеранција за болка и лутина.

Список на 10 најлути пиперки за 2020

  1. Carolina Ripper ( 2,2 milijuna SHU)
  2. Trinidad Moruga Scorpion ( 2 mil.)
  3. 7 Pot Douglah (1,85 mil.)
  4. 7 Pot Primo (1,47 mil.)
  5. Trinidad Scorpion “Butch T” (1,46 mil.) 
  6. Naga Viper (1,35 mil.)
  7. Ghost Pepper (1,04 mil.)
  8. 7 Pot Barrackpore ( 1 mil.)
  9. 7 Pot Red- Giant (1 mil.)
  10. Red Savina Habanero (500.000)

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
До 25% од буџетот на ЕУ за земјоделство – еве што ќе понуди Бугарија
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Таг:Carolina Ripperбугаријалути пиперки
Претходен напис (Видео) Направете за доручек, ручек или вечера, за само 10 минути!
Следен напис Како функционираат земјоделските задруги во развиените земји во Европа?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?