Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот
Агровест

Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот

Објавено 18/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цирих и Париз ги потиснаа Сингапур и Осака од водечките места на новата ранг-листа на најскапи градови во светот, приклучувајќи му се на Хонг Конг со којшто го делат првото место.

Неодамнешното истражување на британски „Економист“ за трошоците за живот, покажува дека корона-пандемијата влијаела на цените на стоките и услугите во повеќе од 130 градови до септември 2020 година. Според извештајот, скокот на Цирих и Париз на прво место се должи на зајакнувањето на швајцарскиот франк и еврото.

– Пандемијата на Ковид-19 предизвика слабеење на американскиот долар, додека западноевропските и азиските валути зајакнаа во однос на тоа, што резултираше со зголемување на цените на стоките и услугите, вели Упасана Дут, раководителка на истражувањето.

Трошоците за живот во Њујорк се користат како основен параметар за пресметување на овој индекс.

„Во Сингапур, којшто сега е на четврто место, забележан е пад на цените поради напуштањето на странските работници. Самото население на овој град-држава се намали за првпат по 2003 година, па и побарувачката падна и се појави дефлација. Сличен тренд е забележан и во Осака (Јапонија), каде потрошувачките цени стагнираат, а јапонската Влада субвенционира цени, на пр. во јавниот превоз”, се вели во извештајот.

Осака го дели петтото место со Тел Авив. Следуваат Женева и Њујорк, па Копенхаген и Лос Анџелес ги заокружуваат првите десет во светот, според трошоците за живот.

Цените на повеќето производи и услуги останаа главно непроменети оваа година, освен некои категории. Цените на основните намирници, како што се храната и водата, беа стабилни, но слабата побарувачка доведе до голем пад на цените на облеката.

Според Дут, ваквите трендови може да продолжат и во 2021 година, бидејќи потрошувачката е сè уште ограничена, што претставува притисок врз цените.

МИА

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:коронавируснајскапи градовирејтинг
Претходен напис Бочви кои вредат злато!
Следен напис Народна банка организира едукативни презентации за граѓаните, отворен повик за учество
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?