Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочви кои вредат злато!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочви кои вредат злато!
АгровестиПазари

Бочви кои вредат злато!

Последна измена: 18/11/2020 15:54
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

На регионалниот пазар е се поприсутен нов производител на бочви и буриња со врвен квалитет. Станува збор за германско-хрватската групација Auric barrels која располага со најсовремено опремени производствени погони, подигнати во срцето на Славонија, каде што растат едни од најдобрите дабови стебла во светот.

 Уште на почеток на работа на оваа фабрика за изработка на дрвени садови кои се користат за одлежување и созревање на виното, некои  хрватски винарии, посебно оние кои се препознатливи на светскиот  пазар и кои се ориентирани  кон извоз и продажба на вина и на  најпребирливите консументи, го откриле нивниот извонреден квалитет. Винарии, кои денес своите вина ги чуваат  во буриња  на Auric barrels, меѓу останатите се и Винаријата Гргиќ, Стина вина, Корта Катарина, Крајанчиќ, Кутјево д.д, Феравино, Илочки подруми… Вкупно, досега направиле бочви за чување на 150.000 литри вино, што е всушност голем успех за некој кој од јуни оваа година сериозно тргнал со понуда на пазарот и тоа во ситуација кога трговските врски се значително отежнати поради пандемијата на корона вирусот.

Моментално Auric barrels имаат дистрибутери за Германија и Италија, но доабр глас стигна и во Србија, каде се надеваат дека наскоро ќе можат да ги понудат своите врвни производи.

Посебно е интересно да се знае кои се предностите на славонскиот даб  во однос на францускиот и американскиот, и што е тоа што ги прави овие  бочви да бидат толку добри?

– „Ако ги задоволиме основните параметри, бочвата да не пропушта и да нема органолептички мани, добра бочва е онаа која ќе даде нова вредност на вашето вино“- велат од Auric barrels. „Бочвата треба да да ги истакне неговите вредности и да му даде дополнителна комплексност во смисла на ароматскиот профил, а секако треба да  му овозможи и созревање на најдобар можен начин. Целта на дрвеното буре не е да го превземе виното во целост туку да му даде поддршка за да го оствари неговиот скриенпотенцијал. Кога станува збор за разликата, можеме да кажеме дека славонскиот даб најблаго кажано е во иста квалитативна категорија со францускиот. Сепак, многу е тешко да се генерализира бидејќи секој регион во Франција има поинаков даб. Наша предност е тоа што  суровината ни доаѓа од шумата која е во наша приватна сопственост така да за изработка на  бочвите се користат само најдобрите трупци. Густината на трупците  кои се користат за изработка на бочвите е врвна и со гордост истакнуваме дека тоа го сметаме за наша предност, додека кај другите производители  скоро и да е невозможно да ја добиете таа информација“. 

Како бочвата влијае на вкусот на виното  

Бочвите се произведени од трупци со екстра фина структура кои потекнуваат од стогодишните дабови  шуми во областа Крдија, и останатите приватни шуми во овој крај богат со даб со висок квалитет кој овозможува трајност и постојаност на изработените бочви. Шумскиот екосистем од каде доаѓа суровината за произвдоство има ознака FSC сертификат кој подразбира управување со шумскиот систем според строги еколошки, социјални и еконсомски стандарди.

Планираниот годиешен капацитет на бочварницата  е 7.000 барик бочви од 225 литри, а според барањата на купувачите се изработуваат и бочви од 50 до 1.000 литри, па и поголеми. Така била направена  бочвата од 6.000 литри за винаријата Феравино. Инаку, освен од даб, произведуваат и бочви  од багреми, диви цреши, костен,  и јасен.

Штиците од кои се изработуваат дрвените садови се цепени и природно сушени две до три години според строги технолошки правила. Тоа е предуслов за изработка на бочви со врвен квалитет, а желбата за совршенство е видлива буквално во секој сегмент на производството. Квалитетно подготвената суровина, добро обучениот стручен кадар  и врвната технологија  им дава за право на Auric Barrels да се претстават како сериозен деловен партнер кој нуди квалитет и континуитет, бидејќи нивните  бочви се  синергија на природата си  и човечките вештини,  наследени од вековната традиција на бочварството.

А дали е тешко да се најде добар бочвар и дали машините машините можат да го заменат човекот во тој сегмент?

– „Денес е многу тешко, речиси и  невозможно да се пронајде добар бочвар. Поради овој факт ние ги стипендираме децата кои учат во средното училиште „Ѓурѓеновац“ за бочвари или столари. Тие кај нас одработуваат пракса во текот на школувањето и ги стекнуваат потребните знаења. Секоја , па и најмодерната машина какви што  моментално ги имаме, бара надзор и програмирање од страна на искусен бочвар кој знае што треба за да една бочва ги задоволи сите потребни критериуми. Секако дека машините се добредојдена помош и дека обезбедуваат изедначеност и повторливост во производството каде  крајна цел  е производство на бочви за најдобрите светски вина. Затоа ве повикуваме на соработка која значително ќе придонесе за квалитет на вашите производи, со други зборови, со нашите дабови бочви оплеменете го вашето  вино“-  велат во бочварницата Auric barrels. 

Извор: vino.rs

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:Auric barrelsбочвиславонијафабрика
Претходен напис Мерка 7 од ИПАРД нуди можност за ЗАДРУГИТЕ: 65% неповратен грант за набавка на земјоделска механизација и машини
Следен напис Коронавирусот го смени рангот на најскапи градови во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?