Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што е дигитално земјоделство?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Што е дигитално земјоделство?
Агровест

Што е дигитално земјоделство?

Објавено 30/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сè почесто употребуваниот  современ термин „дигитално земјоделство“  често пати погрешно е перцепиран од јавноста и е ставен во погрешен контекст и до одреден степен мистифициран.

За што всушност станува збор, што опфаќа и зошто е важно да се знае за што станува збор?

Што е дигитално земјоделство?

Дигиталното земјоделство ги опфаќа сите алатки и услуги што собираат, складираат, споделуваат и анализираат електронски податоци и / или информации во земјоделството со цел да се оптимизира производството на храна и / или да се создаде додадена вредност.

Би можело да се каже  дека тоа е заедничко име на сите ИТ технологии во земјоделството, а  често пати можат да се слушнат и  синонимите, како што се паметно земјоделство или е-земјоделство.

Според  местото и времето на примена на  апликација, можеме да ги поделиме на технологии што се користат на фармата, но исто така и пред и по неа – во целиот ланец на снабдување со храна. Како што популарно се вели – „Од нива до трпеза“.

Денес, технологиите од прецизниот земјоделски сектор, како што се мапирање на терени, насоки за GPS, апликации за променливи ѓубрива, веќе се широко користени – тоа се концепти што ги зголемуваат приносите и ја оптимизираат употребата на ресурсите. Но дигиталното земјоделство , сепак е поширок концепт од самото прецизно земјоделство

Исто така, тука се и голем број на интернет технологии, е-услуги што помагаат при примање на производите, нивно промовирање и сместување. Интернет-услуги кои овозможуваат зголемен степен на следливост, безбедност и транспарентност на производството на храна.

Да ги споменеме се поприсутните дронови, сателити, роботи и разни уреди, а се раѓаат и нови индустриски стандарди, како што е синергистичката иницијатива „DataConnect“ на најголемите производители на трактори и софтверски компании, кои создаваат поголема вредност со комбинирање на податоци.

Во оваа област исто така сапѓа и  управувањето со производството и апликации за документација како што се Agrivi или eGAP.

Постојат и мноштво маркетинг алатки кои ги скратуваат синџирите на снабдување и создаваат сосема нов канал за пристап до клиентот.

Сето ова веќе го имаме денес, а утре?

Иднината носи многу возбудливи новини. Новитети што ќе произлезат од поврзувањето на системите, но и од се  подобрите и подостапни технологии.

Револуцијата доаѓа со 5G интернетот

Развојот и ширењето на 5G технологијата, според некои извори, се развива  дури илјада пати побрзо од 4G технологијата и се создава платформа за вистинска експлозија на развој.

 Исто како што ние, луѓето создаваме и споделуваме информации,  учиме  и создаваме , така утре разни уреди и сензори самостојно  ќе испраќаат информации во реално време до „нивниот интернет“, како еден вид на компјутерски облак чии бази на податоци ќе се отворат драматична димензија на можности за проценка, а покасно и за  примена.

Баш тука со својот полн сјај , на сцена стапува  машинското учење, како вовед во она што го нарекуваме вештачка интелигенција (AI). Со тоа ќе се создадат услови за создавање на  сложени алгоритми кои ќе учат врз основа на знаења и резултати, а ќе се  води сметка и за тоа работите да не одат во погрешна насока и да се докомплетираат  алгоритмите, моделите и програмите.

Ќе се воведат  се повеќе машини во доменот на денешната физичка работа, што ќе значи помош, но и промена на претходните практики, а со тоа и на земјоделството.

Промена на системот на вредности

Дигиталното земјоделство носи ефикасност, но и создавање основа за поправеден систем на вредности на  земјоделско-прехранбениот систем.

Ќе се отворат бројни прашања, како и потребата од дополнителни регулативи, бидејќи светот на податоци и информации влегува во сите сфери на животот. Исто како што влезот во доменот на приватноста, го овозможи интернетот  како никој досега.

Брзината и квалитетот на развојот на индивидуалните фарми, но и на националното земјоделство во целина, повеќе од кога било, ќе зависи од воведувањето дигитални технологии.

Оние кои ги спроведуваат подобро и посистематски  од другите, ќе имаат можност за побрз развој, па дури и за репозиционирање.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Димитриеска-Кочоска на средба со претставници на Трезорот на САД: Продолжува соработката во делот на дигитализација и модернизација на јавните финансии
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Таг:5Гдигитализацијадигитално земјоделствоинтернет
Претходен напис (ВИДЕО)Стоп за африканската свинска чума: Фармери, ова е важно за вас!
Следен напис Ученици и земјоделци од Битола, Охрид и Македонски Брод се едуцираа за климатските промени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?