Да се направи рибник и да се одгледува пастрмка е навистина сериозна работа. За да се напави тоа мора да се знаат основните чекори и само така одгледувањето на пастрмка може да биде исплатливо. Дипл. Инж. Дејан Спасиќ од Земјоделската советодавна и стручна служба на Србија, советува дека пред да се донесе одлука за одгледување на пастрмка за комерцијални цели потребно е да се посвети внимние на некои одредени работи:
1. Многу е важно производителите да бидат запознаени со основните карактеристики на калифорниската пастрмка. Односно треба да знаат кои услови се погодни за одгледување на оваа риба. Почнувајќи од температурата на водата, исхраната и останатите важни информации за да може ова производство да биде успешно.
2. Треба да се направи вистински избор на локација за поставување на рибникот. За тоа треба да се истражува подолго време и секако да се познаваат самите карактеристики на рибата. Исто така треба да се води сметка за економската вредност на подигнатиот рибник. Мора предвреме да се пресмета колку ќе кошта правењето на сите посебни делови кој треба да ги има рибникот во кој ќе се чуваат рибите во различен период од нивната старост.

3.Важно е детално да се провери квалитетот на водата која ќе се користи во рибникот. Тоа е многу важен чекор при подигнувањето на рибникот, бидејќи од тоа зависи преживувањето на одреден вид на риби.
4.Потребно е да се направат одредени истражувања пред да се започне со изградба на рибникот.
5.Мора да се донеси вистинска одлука за големината на рибникот. Треба да се биде рационален околу тоа и да се има направено детална пресметка. Нема да имате никаква корист ако подигнете голем рибник, а покасно да не можетеда ги вратите тие пари.

6.Потребно е рибникот да го изградите во согласност со прописите и техничко-технолошките нормативи, со сите потребни дополнителни објекти.
Совети за одгледување на пастрмката
Кога ќе се заврши со сите овие активности, сепак не би требало да се започне со одгледување на пастрмка пред детално да се запознаете со самиот процес.
Најпрво мора да ги обезбедите сите потребни микроклиматски услови во базенот или во базените ако ги имате повеќе.
- Пастрмките треба да се хранат во согласност со препораките и нормативите. Стручњаците препорачуваат готови смеси кои се најдобар вид на исхрана за оваа риба.
- Се подразбира дека е потребно да се обезбеди и неопходната опрема за овој вид на рибник.
- Мора редовно да се контролира составот и квалитетот на водата како и здравствената состојба на рибите.
- Потребно е да се применуваат сите превентивни мерки.

Сепак, пред почетокот на било која активност околу овој бизнис, Дипл. Инж.Дејан Савиќ советува дека треба да се направи пресметка на трошоците поврзани со сите активности неопходни за изградба на рибник и одгледување на риби. Само така ќе може точно да се утврди колку е оваа работа исплатлива и перспективна.
Извор: Агромедија.рс

Odlicna preporuka
Pri odlluçuvanje na izgradba na vakov ribnik Baram struçna sovet
Za tehniçka izvedba .kogo mozham da kontaktiram