Да се биде жена претприемач во Република Северна Македонија е исклучителен предизвик, а да се биде жена претприемач во руралните средеини е трновит пат и предизвик кој се надополнува со маргините од минатото, финансиската нестабилност, помала достапност до информации и т.н. Но жените од руралните средини покажуваат дека можат да го изодат тој пат.
Светлана Зуламоска Гроздановска, Олгица Станојков и Велика Трајаноска, се пример за тоа, бидејќи овие жени се промотори за женското претприемништво во руралните средини кој превземале иницијатива и ризици и го оствариле својот сон.
Во рамките на проектот „ Мрежа за рурален развој на Северна Македонија“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка, овиe три успешни рурални жени зборуваат за своите почетоци и за остварувањето на нивните соништа како претприемачи.
Слушнете ги нивните приказни, навистина се инспиративни и мотивирачки!
Извор: Rural Development Network
