Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Избрани експертите за научните панели во рамки на Националниот совет за безбедност на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ: Избрани експертите за научните панели во рамки на Националниот совет за безбедност на храната
Агровести

АХВ: Избрани експертите за научните панели во рамки на Националниот совет за безбедност на храната

Објавено 06/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Агенцијата за храна и ветеринарство ги избра експертите во научните панели на Националната платформа на експерти во рамки на Националниот совет за безбедност на храната. 

Експертите во Научните панели се организирани во 10 стручни области од делокругот на работата на Националниот совет. Прашањата на кои ќе се дискутира во рамки на панелите се од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните, биолошките опасности, контаминентите во синџирот на исхраната, за диететските производи, исхраната и алергиите, за адитивите и хранливите состојки додадени во храната.

Во Националната платформа на експерти учествуваат стручни лица од факултетите, научно-истражувачките институции и други научни и образовни институции, за чиј избор, како што соопшти АХВ, врз основа на дефинирани критериуми во согласност со Правилникот за формата и содржината на барањето за вклучување на експерти во листата на Националната платформа, поблиските критериуми за избор и висината на надоместокот за работа на учесниците во Националната платформа, на 24 февруари годинава бил објавен Јавен повик. Изборот бил одложен поради пандемијата со КОВИД-19 и вонредните мерки кои важеа на територијата на нашата држава.

Проценка на ризик и подготовка на извештаи за одредени прашања од делокруг на работа на Советот ќе се врши и преку Панелите за средства за заштита на растенијата и нивни резидуи, за здравје на растенијата, за адитиви и производи или супстанции употребени во храната за животни, како и преку Панелите за материјали во контакт со храната, ензими, подобрувачи на вкус и технолошки помагала, вклучително и панелот за генетски модифицирани организми.

МИА

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:ахвекспертиНаучни панелиНационалниот совет за безбедност на храната
Претходен напис За членство во ЕУ, Западниот Балкан ќе мора да работи и на климатските цели
Следен напис Потпишан договор за јапонски грант од 813.000 евра за економски и социјален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?