Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За членство во ЕУ, Западниот Балкан ќе мора да работи и на климатските цели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За членство во ЕУ, Западниот Балкан ќе мора да работи и на климатските цели
Агровести

За членство во ЕУ, Западниот Балкан ќе мора да работи и на климатските цели

Објавено 06/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ИА дојде до документот на Европската комисија „Зелена агенда за Западниот Балкан“, кој го придружува Економскиот и инвестициски план (ЕИП) за регионот, што треба да биде објавен денеска.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, овој внатрешен работен документ ги издвојува главните теми поврзани за животната средина на кои регионот ќе треба да се фокусира во наредните години, и за кои ќе помогнат средствата од ЕИП.

Столбовите на „Зелената агенда“ се климатска акција, вклучително и декарбонизација, енергија и мобилност, потоа циркуларна економија, со посебен акцент на рециклирањето и одржливо производство и употреба на ресурсите. Третиот столб е биодиверзитетот за заштита на природното богатство на регионот, четвртиот столб е загадувањето, како на воздухот, таа и на почвата и водата, и петтиот столб е развој на одржлив прехранбен систем и на руралните средини.

„Зелената агенда за Западен Балкан“ се заснова врз Зелениот пакт на Европската Унија, најголемиот политички проект на Комисијата на Урсула фон дер Лајен, чија цел е да се намалат емисиите на штетни гасови и да се постигне климатска неутралност до 2050 година.

Неизбежно земјите од Западниот Балкан ќе треба да се приклучат кон оваа тенденција во процесот на приближување до членство во ЕУ, за тоа треба да помогне Економскиот и инвестициски план заедно со „Зелената агенда“.

Западниот Балкан, според податоците на Ееврокомисијата, е еден од најпогодените региони од климатските промени, се очекува до крајот на овој век температурите да се зголемат за повеќе од пет степени ако итно не се преземат мерки за намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. Поради ова, постигнувањето на карбонска – или климатска – неутралност до 2050 година значи дека стакленичките емисии ќе треба да се намалат за 55 отсто до 2030.

„Зелената агенда“ бара од земјите од регионот да се усогласат со Климатскиот закон на ЕУ во текот на евроинтегративниот процес, а Унијата ќе го придружува и помага регионот за спроведување на долгорочни климатски стратегии и техничка помош.

Регионот треба да биде вклучен и ова Европскиот климатски пакт. Регионот е сѐ уште премногу зависен од јагленот во енергетското производство, 70 отсто од електричната енергија зависи од јагленот, оваа бројка достигнува 97 отсто во соседна Албанија, што се коси со климатските цели на ЕУ. Обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност, енергетската сиромаштија, градежниот сектор, одржлива мобилност и транспортна инфраструктура се сѐ области на кои владите од регионот ќе треба да се фокусираат за да ја исполнат „Зелената агенда“.

Циркуларната економија, односно реупотребувањето на материјали и ресурси и рециклажата, се критични делови во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид. Половина од штетните емисии се должат на екстракција и процесирање на ресурсите.

Земјите од регионот треба да вложат во циркуларноста преку конкретни мерки за да продолжи циклусот на живот на производите, а истовремено да се делува на начинот на консумирање преку охрабрување на поправање, рециклирање, реупотребување на производите, наместо фрлање.

Паралелно треба да се подобри и управувањето со отпадот. Западниот Балкан бележи секоја година сѐ поголема стапка на производство на отпад, која иако е пониска од таа во ЕУ, не се компензира со рециклажа и резултира со повисока стапка на нерециклиран отпад во споредба со земјите од ЕУ.

Западниот Балкан ќе треба да се фокусира на оваа област, како и значајно да ја намали употребата на пластика.

Европската комисија е свесна дека оваа транзиција за регионот мора да остане фер и социјално одржлива и да не ги погоди најранливите заедници и ја разгледува опцијата за креирање на Фонд за праведна транзиција за Западниот Балкан, по моделот на истиот Фонд на ЕУ, кој има за цел да им помогне на помалку развиените региони во Унијата да ја постигнат зелената транзиција со минимални економски и социјални штети за најранливите.

Стратегијата ќе бара исто така поголема инволвираност на локалните власти како и на регионалните организации кои се занимаваат со енергетски, транспортни и еколошки теми.
МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:еуЗападен балканклиматски цели
Претходен напис Еврокомисијата ќе го објави Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан вреден 9 милијарди евра
Следен напис АХВ: Избрани експертите за научните панели во рамки на Националниот совет за безбедност на храната
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?