Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан договор за јапонски грант од 813.000 евра за економски и социјален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан договор за јапонски грант од 813.000 евра за економски и социјален развој
Агровести

Потпишан договор за јапонски грант од 813.000 евра за економски и социјален развој

Објавено 06/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, заедно со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Кеико Ханеда, потпишаа Договор за јапонска грант помош за економски и социјален развој.

„Во услови кога светот се соочува со една од најголемите здравствени кризи која има и сериозни социо-економски последици, оваа итна помош од Владата на Јапонија во висина од 100 милиони јапонски јени, или околу 813.000 евра е повеќе од добредојдена. Помошта значително ќе придонесе во јакнење на капацитетите на здравствените установи и ќе им ја олесни работата на здравствени работници кои се на првата линија во борбата против пандемијата“, истакна Димитров.

Како Национален координатор за странската помош, додаде тој, ќе се залагам за понатамошно продлабочување на билатералните односи и соработка и верувам дека покрај развојната, ќе успееме да ја унапредиме и економската, културната и политичката соработка со Јапонија.

„Во моментов секоја земја се бори со корона вирусот со сопствени мерки и здравствени капацититети. Во исто време меѓународната соработка е засилена за време на оваа здравствена криза. Јапонија е среќна што може да ги поддржи вашите напори. Јапонија секогаш ги поддржувала вашите реформи кон Евро-атлантскиот пат. Во оваа прилика би сакала да ви честитам за вашето членство во НАТО и почетокот за пристапни преговори за ЕУ. Вашите напори во реформите ќе се интензивираат и Јапонија би сакала да продолжи да ги поддржува“, нагласи амбасадорката Ханеда.

На Церемонијата на потпишувањето на Договорот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека донацијата од јапонската амбасада е значајна помош и поддршка на здравствениот систем, таму кадешто е најмногу потребна.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Договорекономски развојЈапонијаЈапонски грантНикола Димитров
Претходен напис АХВ: Избрани експертите за научните панели во рамки на Националниот совет за безбедност на храната
Следен напис Невообичаено топол бран во државава, измерени се 33°C – Погледнете ги температурите во вашето место
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?