Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Букети за јадење“ – идејата од Русија пристигна во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > „Букети за јадење“ – идејата од Русија пристигна во Србија
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОМагазин

„Букети за јадење“ – идејата од Русија пристигна во Србија

Објавено 29/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога зборуваме за букети, сите ние мислиме на различни букети и аранжмани од цвеќиња. Сепак, на задоволство на гурманите и оние кои уживаат во храната, постојаат и „букети за јадење“. Идејата за ваквите букети и техниката на изработка во Србија ги донесла русинката Ија Мекејева, која од пред неколку години живее во Нови Сад.

Ија, во овој град во Војводина  дошла во посета на  пријател, но останала да живее таму. Заедно со неа дошле и овие многу специфични букети. Во Русија работела како економист во банка, а своето слободно време го минувала правејќи „букети за јадење“, преку кои пронашла начин да ја изрази својата креативност.

“Кога се омажив и станав мајка, многу време им посветував на мојот сопруг и децата, а во слободното време продолжив да правам букети. Тоа беше идеја што требаше да биде хоби, и така започна сè, но сега стана „стил на живот“. Тоа не е само бизнис, туку и мисија за да го пренесам своето искуство од Русија на други кои сакаат да пробаат нешто поразлично и да научат да прават вистинска комбинација од мириси и вкусови од добрата домашна храна”, раскажува таа.

Таа прави букети од разни зеленчуци и овошја, но и од други прехранбени производи. Овошните букети содржат домашни овошја како јаболка, круши, но и егзотични видови како кокос и киви. Најчесто избира сезонска храна. Од оние со зеленчук, се издвојуваат букетите со црвени пиперки, а свое место во нив наоѓаат и лутите пиперки. Особено баран букет е „Војводина“. Тоа е специјален букет направен од сувомеснати производи и разни преработки од месо. Задолжително содржи кулен, колбаси, сланина, понекогаш има домашни кифли и џимиринки.

Овој букет главно е наменет како поклон за мажите.

Секогаш нешто ново и различно

Ија секој ден оди на пазар и купува свежо овошје, зеленчук, месо и производи од суво месо од домашни производители.

“Кога ќе се одам на пазар и ќе видам што се нуди, создавам идеја за нов букет. Инспирацијата ја наоѓам и во природата. Секогаш пробувам нешто ново и поразлично“, вели таа.

Побарувачката за овој нов тренд, што оваа млада жена го пренесе од Русија во Србија, е голема. Нејзините клиенти се претежно жени кои сакаат да ги изненадат членовите на семејството, пријателите, сопрузите и драгите луѓе. Жените најчесто се одлучуваат за букети со овошје, додека мажите иако поретко нарачуваат, тие се поспецифични во изборот.

Работилница за сите заинтересирани

Освен големата побарувачка, голем број жени покажале интерес и самите да ја научат оваа техника на изработка на „букети за јадење“. Ија, која и самата завршила неколку курсеви и обуки, одлучила своето знаење да го сподели со нив па започнала да држи онлајн часови во чии рамки работи и работлница наречена „букети за јадење“.

Работилниците траат две недели и преку видео средби таа се обидува да покаже до најситни детали, како се прават овие прекрасни букети.

Извор: Агроклуб

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:букет „Војводина“букети за јадењебукети од зеленчукбукети од овошјеРусија
Претходен напис МЕТЕОРОПАТИЈА – како влијае времето на нашето здравје?
Следен напис Градоначалникот на Неготино, пратеници, директори и претставници на МЗШВ денеска на терен кај лозарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?