Во деновите кога се берат јаболката, многу производители се соочуваат со кражба на своите плодови. Така, еден овоштар од Суботица безбедноста на својот овоштарник, со помош на дрон, ја подигнал на повисоко ниво.
Повеќе од една деценија Тихомир Зорај одгледува овошје на површина од околу еден хектар и во текот на целиот тој период бил соочен со кражба на неговите плодови. Првата година му краделе дури и штотуку засадени дрвца. Со текот на годините, во деновите на берба се претворал во ноќен чувар на својот имот. Затоа решил да си ја олесни работата, па така купил дрон со кој во повеќе наврати „патролирал“ во својот овоштарник.
-„Оваа година дури и немаше нешто многу род но успеавме во три- четири наврати да спречиме кражбата, така да генерално веќе ни се исплати“, вели Зорај.
Во план има да постави и сензори
Со ова се избегнува и физички контакт со луѓето кои имаат лоши намери, а дали ќе повика полиција проценува врз основа на вредноста на потенцијалната кражба. Меѓутоа и летањето со дрон бара будност, па овој млад овоштар размислува за поставување на сензори.
Видео надзорот е нешто што се применува и во земјоделството, но се исплатува само на поголеми површини.
Извор: Аgroklub.rs
