Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производството на вино во 2019 се намали: Кои се најголеми производители а кои потрошувачи?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Производството на вино во 2019 се намали: Кои се најголеми производители а кои потрошувачи?
АгровестиПазари

Производството на вино во 2019 се намали: Кои се најголеми производители а кои потрошувачи?

Објавено 29/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светското производство на вино се намали во 2019 година и тоа на 260 милиони хектолитри, што е пад од 35 милиони хектолитри (11,5%) во однос на рекордната 2018 година. Ова се податоци кои во својата публиакција ги изнесе Меѓународната организација за лозарство и вино (OIV).

На прво место се наоѓа Италија со производство од 47,5 милиони хектолитри, потоа Франција со 42,1, а на трето е Шпанија со 33,5 милиони хектолитри. Овие три земји заедно сочинуваат дури 48% од светското произодство, а исто така забележаа благ пад во 2019 година.

Освен нив, помало производство имале и Унгарија (-34%), Германија (-12%), Австрија (-10%), Грција (-8%) и Романија (-4%). Единствена земја на ЕУ која во 2019 година забележала пораст на производството на овој пијалок е Португалија со 6,7 милиони хектолитри, што е 10% повеќе во однос на 2018 година.

Статистиката покажува негативни податоци и надвор од Европа. Така во Кина во 2019 година е произведено 8,3 милиони хектолитри (намалување од 10 %).

Најголем потрошувач САД

Во 2019 во меѓународната трговија доминираат главно три европски земји, а тоа се Италија, Шпанија и Фрнација. Заедно извезле 57,1 милиони хектолитри, што претставува 54% од светскиот пазар.

Од друга страна, најголеми увозници минатата година биле Германија, Велика Британија и САД кои заедно увезле 40,4 милиони хектолитри. Уделот на овие три земји, претставува 39% од вкупната вредност на светскиот увоз.

После благиот пад на светската потрошувачка на вино забележана во 2018 година, во 2019 таа била нешто поголема и се проценува на 244 милиони хектолитри, што претставува зголемување од 0,1 %. Од 2011 година, најголем потрошувач на вино е САД со потрошувачка од 33 милиони хектолитри, во периодот од 2014-2018 година. На второ место се наоѓа Франција со 26,8 а на трето Италија со 22,4 милиони хектолитри. Веднаш зад нив се Германија, Кина и Велика Британија. OIV листата покажува дека Хрватска и Србија имале иста потрошувачка од 1,1 милиони хектолитри.  

Најскапо вино има Франција

Кога зборуваме за цената, според податоците на wine-searcher,на првите три места се наоѓаат француските вина. Најголема просечна цена има виното „Domaine de la Romanee-Conti Romanee“ со неверојатна цена од 20.172 долари. На второ место е „Domaine Leroy Musigny Grand Cru“ со 19.020 долари а на трето место „Henri Jayer Cros Parantoux“ со цена од 15.012 долари.

Од белите вина, највисока просечна цена има германското десертно вино „Egon Muller Scharzhofberger Riesling Trockenbeerenauslese“ со 14.941 долари. Веднаш зад него се двете француски шардонеа, „Domaine Leflaive Montrachet Grand Cru“ со цена од 10.940 долари и „Domaine de la Romanee-Conti Montrachet Grand Cru“ со цена од 8.095 долари.  

Цените на алкохолните пијалоци се највисоки во Финска

Ако станува збор за цените на алкохолните пијалоци воопшто, Еуростат неодамна ги обајви податоците за земјите членки на Европската унија.

Резултатите покажуваат дека во 2019 година цените на алкохолните пијалоци (жестоки, вино и пиво) биле највисоки во Финска ( со индекс на ниво на цени 191), а веднаш по неа се Ирска (182) и Шведска (156).

Спротивно на тоа, најниски цени забележани се во Романија (со индекс 76), Бугарија (79) и Унгарија (80).

Извор: Аgroklub.com

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:винопроизводство на виноцена на винотово ЕУ
Претходен напис Со помош на дрон, спречил кражба на јаболка!
Следен напис Заев: Потребни се решенија на намалување на загубите и отпадот на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?