Кога ќе го слушнеме зборот морков – на сите прва асоцијација ни е портокаловата боја. Повеќето луѓе не би можеле да замислат дека овој зеленчук може да има и друга боја. Замислете да јадете виолетов морков? Необично е, но тој навистина постои и се смета дури дека виолетовите моркови се појавиле први. Потекнуваат од древна Персија, денешен Иран.

Портокаловите моркови се појавиле во 16 век, кога холандските одгледувачи прво развиле морков со портокалова боја која нас денес ни е единствено позната. Но всушност, портокаловиоте моркови се само мутанти на виолетовите. Овој за нас необичен зеленчукот ги има сите карактеристики на портокаловите моркови.
Морковот е богат со витамин А, Ц, Б6, фолна киселина, калиум и разни влакна кои го подобруваат видот, работата на црниот дроб, срцето и го регулираат нивото на гликоза. Со тоа се намалуваат воспаленијата во телото, ослободувајќи ги лошите радикали кои можат да предизвикаат оштетување на клетките. Но, виолетовиот морков, поради својата боја, има поголемо влијание врз нашето здравје, бидејќи содржи 28 пати повеќе антоцијанин отколку портокаловиот. Тој е силен антиоксиданс кој создава виолетово – црвен пигмент, исто како кај боровинките и малините.
Предноста на овој пигмент е во тоа што ја подобрува меморијата, го штити срцето од мозочен и срцев удар ја регулира и телесната тежина. Тој има двојно повеќе бета каротин, отколку обичниот морков. Затоа другото име за виолетовите моркови е „ супер храна“.
Постојат два вида на вакви моркови – едниот е виолетов само од надвор, а вториот вид и внатре. Има ист вкус како и портокаловите, без разлика дали се јадат сирови или варени. Се советува да се чуваат подалеку од јаболка и круши, бидејќи тие на виолетовите моркови му даваат горчлив вкус.

Совет за време на варење на виолетовите моркови.
Ваквите моркови не се препорачува да се варат, бидејќи со варењето ја губат бојата, а со тоа ги губат и своите хранливи материи. Пожелно е да се јадат сирови и свежи, заедно со портокалови моркови, бела зелка, зелена салата и сл.
Извор: Аgrosavjet.com
