Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кинески научници: Дајте им на прасињата храна со вкус на малина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Кинески научници: Дајте им на прасињата храна со вкус на малина
СоветиСточарско производство

Кинески научници: Дајте им на прасињата храна со вкус на малина

Објавено 26/09/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кинеските научници направија интересно истражвање за исхраната на прасињата, во кое било утврдено дека овие домашни животни повеќе ја сакаат храната со мирис и вкус на малина.

Преминувањето од течна на цврста храна е стресен периодот за животните во кој тие најчесто почнуваат помалку да јадат. Тоа може да влијае врз здравјето на нивните црева но и на целокупната состојба на нивниот организам. Затоа потребен е дополнителен поттик за да почнат да јадат цврста храна. 

Свињите се извонредно чувствителни животни со многу повеќе рецептори на мирис од луѓето. Затоа различните вкусови избрани на соодветен начин, би можеле да бидат добар начин за да прасињата почнат да покажуваат поголем интерес за цврстата храна.

Храната со вкус на малини ги привлекува прасињата?

Прв пат во Кина се направени експерименти за хранење на прасињата кои се стари од 21 до 23 дена и имаат тежина од шест до седум килограми. Пред живтоните, четири дена по ред, постојано биле оставани неколку виодви храна, а животните можеле слободно да бираат која храна ќе ја јадат. Меѓу другото била оставена и храна произведена од страна на компанија “Pancosoma”, која има вкус на малина за разлика од другите кои имале вообичаена арома на млеко.

Резултатите покажале дека прасињата повеќе пати доаѓале да јадат од садот во кој се наоѓала храната со вкус на малина. Тоа може да се објасни со фактот дека овошните вкусови содржат молекули кои го поттикнуваат нивниот апетит. Мирисот на ова овошје полесно се шири во воздухот и повеќе ги привлекува.

Се зголемува и внесот на храна

Се претпоставувало дека, доколку прасињата бидат поттикнати да внесуваат некоја одредена храна, ќе се зголеми и количината на храна што тие ќе ја јадат. Затоа е направено друго испитување, слично на првото но во траење од седум дена, за да се потврди таа хипотеза.

Прасињата повторно повеќе ја преферирале истата храна како и во првото испитување – повеќе ја јаделе онаа со вкус на малина отколку онаа со млечен вкус.

Делува на тежината и на дневниот прираст

После овие две испитувања, направено е и трето, со цел да се потврди влијанието на внесот на поголема количина на храна, врз тежината на прасињата. Вкупно 96 прасиња биле поделени во две групи, а секоја група имала пристап до само еден вид на храна (со вкус на млеко или малини).

Научниците ја забележале почетната и конечната тежина на прасињата, го измериле внесот на храна и просечниот дневнен прираст на тежина.

Резултатите биле слични на претходниот експеримент. Просечниот внес на храна за животни бил поголем кај храната со арома на овошје. Овој значаен поголем внес е поврзан со поголем просечен прираст на телесната тежина и многу поголема конечна телесна тежина.

Овие резултати им даваат можност на одгледувачите да ја зголемат дневната потрошувачка на храна како и растот на прасињата, со тоа што ќе им даваат храна со друга арома. Со тоа значително ќе придонесат за јакнење на почетниот раст на тежината на младите прасиња, помагајќи им да ги надминат тешкотиите што ги имаат при премин од течна кон цврста храна.

Извор: Аgroklub.rs

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:кинески научницималини во исхраната на прасињатапрасињахрана за прасиња
Претходен напис МОН ја стави во функција онлајн платформата за учење www.schools.mk
Следен напис Хоџа: Правиме максимум за лозарите, ќе се откупи и грозјето со лош квалитет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?