Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Правиме максимум за лозарите, ќе се откупи и грозјето со лош квалитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Правиме максимум за лозарите, ќе се откупи и грозјето со лош квалитет
АгровестиРастително производство

Хоџа: Правиме максимум за лозарите, ќе се откупи и грозјето со лош квалитет

Објавено 26/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Квалитетот на грозјето годинава не е таков како што очекувавме и поради природните околности во лозарството има речиси елементарна непогода, но со мерките што ги презеде Владата сите лозари што ќе го предадат грозјето добиваат осум денари од државата, ако се земат предвид сите мерки заедно, и плус тоа што ќе го добијат од откупувачите, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа.

-Се наоѓаме во ситуација која не зависи многу од човечкиот фактор колку што зависи од природните околности. Преку мерките што ги презедовме како Влада успеавме донекаде да излеземе во пресрет за да не се случи најлошото. Доколку не преземевме ништо грозјето кое беше под квалитетот и без технолошка зрелост ќе требаше да остане на лозјата, а тоа ќе беше најголем проблем, рече Хоџа во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Посочи дека во текот на минатите десет дена три пати бил во Кавадарци.

-Ја следиме ситуацијата и секојдневневно сме во контакт со Државниот инспекторат за земјоделство, кој е присутен на лице место, и правиме максимални напори, но и ние и лозарите сме свесни за ситуацијата и преку дијалогот и партнерството со винарските визби помагаме да се откупи што поголемо количество на грозје за да го избегнеме најлошото, потенцира Хоџа. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Арјанит Хоџавладагрозје
Претходен напис Кинески научници: Дајте им на прасињата храна со вкус на малина
Следен напис Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците, субвенции, прилагодување со агрополитиката на ЕУ, вети Хоџа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?