Индијанската банана како растителен вид еволуциски е постара од пчелите и нутритивно е најсилното овошје на светот, вели Иван Шулог кој ова растение го одгледува во Бистра- Хрватска.
Минатиот викенд беше одржан првиот фестивал на индијанска банана, егзотично овошје кое потекнува од Северна Америка. Под покровителство на Загребската општина, Фестивалот го организираа фирмата „Шулог“ ДОО која веќе дваесеттина години се занимава со одгледување на егзотично овошје и зеленчук и Задругата за развој на еколошко земјоделство„ З-Еко“. Освен прошетка на плантажите со индијанска банана, беа организирани и стручни предавања за нејзиното одгледување, нутритивните вредности и економските придобивки од одгледувањето на ова егзотично овошје.

Индијанската банана содржи висок процент на бета каротин, повеќе витамин Ц од портокалот, богата е со флавоноиди и фенолна киселина, има значајно антиоксидативно дејство… Името го добила по индијанците кои ја одгледувале, а вкусот потсетува на крем од банана. Денес во Европа на плантажа ја одгледува само Иван Шулог од Хрватска.
Претставен и акцискиот план на општината
– „ Не сум видел поедноставно растение. Кога ќе ја посадите околу неа повеќе ништо не треба да правите, освен неколку пати годишно да се искоси тревата. Нема прскање, нема болести, нема инсекти кои ја напаѓаат…. Може да и наштети единствено екстремен град или мраз“, вели Шулог. Во палетата на неговата фирма се наоѓаат педесеттина егзотични видови на овошје и зеленчук, а скоро се што се произведува се извезува на европскиот пазар. Индијанската банана се одгледува на три плантажи во Хрватска, а се планира подигање на насади и во Мароко.

Во склоп на фестивалот бил претставен и акцискиот план за развој на еколошкото земјоделство во Загребската општина до 2030 година.
– „Трите главни цели на акцискиот план се : сите земјоделски површини засадени во Загребската област до 2030 година да бидат еколошки одгледувани; во сите учлишта, болници, јавни установи…. да се воведе консумација на органска – еколошки произведена храна и во сите ресторани, угостителски објекти и објекти за селски туризам…во својата понуда да имаат и органско- еколошко мени. Мораме да бидеме поамбициозни отколку досега“, изјави тамошниот началник за земјоделство Јосип Краљичковиќ.
Извор: Аgrobiz.hr
