Француското производство на вино оваа година ќе порасне на 45 милиони хектолитри, што е за 6 % повеќе во однос на 2019 година, соопшти тамошното Министерство за земјоделство.
Бербата на грозјето започна порано во повеќето вински региони, а најрано во регионот Шампањ, каде грозјето се береше веќе во средината на август.

„Причина за тоа е пролетта која беше втора најтопла во последниве 12 години и релативно благата зима“ , се наведува во соопштението.
Се очекуваше дека вкупното производство во Шампањ да биде поголемо отколку минатата година но количината на вино која го носи службеното име шампањско, се намали за 21%.
Производителите на шампањско се договорија дека оваа година ќе ги намалат количните на грозје, бидејќи се обидуваат да бидат во чекор со колапсот на продажбата предизвикан од корона кризата.
Расте производството во другите региони
Сушното време го поттикна министерството да ги намали своите очекувања за областите: Бургундија, Божеоле, долината на Рона, центарот и југоистокот на државата, но тоа намалување е повеќе од надополнето со поголемо производство во другите региони, кои минатиот месец беа зафатени од силни врнежи.
Во познатиот регион Бордо, се очекува производството да биде слично на минатогодишното со 5,4 милиони хектолитри додека во Бургоњ – Божоле се бележи раст од дури 12% .

Да потсетиме дека минатиот месец тамошното Министерство за земјоделство процени дека вкупното производство на вино во Франција оваа година ќе биде меѓу 44,7 до 45,7 милиони хектолитри што е пораст за 6 до 8 % во однос на минатата година и нешто над просек на таа земја во последните пет години.
Извор: Аgroklub.com
