Доколку одлучите печурките да ги приготвите според овој рецепт, тие ќе го зачуваат нивниот одличен вкус и можете да ги чувате цела година.
Печурките ги миеме и ги чистиме (доколку има делови од нив кои треба да се отстранат), а потоа се ставаат во тенџере со вода, да зовријат и се додава 1 лимонтус и 1 винобран.
Потоа се процедуваат и се мијат со ладна вода, за да останат цврсти.
Се ставаат во тегли и во секоја тегла се става:
- 1 мала лажичка шеќер
- 1 голема лажица морска сол
- 1 мал филџан (за кафе) оцетна киселина
- ловоров лист
- 4-5 зрна црн бибер
Потоа теглите се дополнуваат со вода, убаво се затвораат и се ставаат во големо тенџере со вода да вријат 10-15 минути за да се вакумираат.

