Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: НФФ: Откупната цена на грозјето треба да изнесува 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 за „вранец“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > НФФ: Откупната цена на грозјето треба да изнесува 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 за „вранец“
Агровести

НФФ: Откупната цена на грозјето треба да изнесува 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 за „вранец“

Последна измена: 25/08/2020 13:27
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Националната федерација на фармери (НФФ) ги следи состојбите во лозарскиот сектор и она што го согледува како проблем се откупните цени, негативното влијание на климатските промени, како и застарените системи за наводнување на лозовите насади.

– Со години наназад „смедеревката“ се откупува за 11 денари по килограм, а „вранецот“ по 13 денари. Оваа година, според најавите од одделни винарии, таа е уште пониска, 4-6 ден по килограм. Ова создаде голем страв и неизвесност кај лозарите. Секоја година преку НФФ одделение за лобирање и застапување правиме пресметка за производната цена на грозјето, која излегува дека е 15 ден по килограм. Оваа година овие статистички податоци се потврдени и од страна на релевантни институции, велат од НФФ.

На барање на Националната федерација на фармери од Земјоделскиот институт е доставена пресметаната единечна производна цена на грозјето која изнесува 11 ден по килограм, а производната цена на винското грозјето со амортизација (во амортизација влегува и работниот труд) изнесува 15 ден по килограм.

– Со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, кој е еден од значајните сектори во земјоделството, посебно за производство на вино кое е извозно ориентирано и значајно за БДП на државата, потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ. Од површините под лозови насади наменети за производство на винско грозје, 70 отсто се обработуваат од страна на индивидуални земјоделски стопанства.

– Токму овој податок покажува дека индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје и затоа треба да се работи за нивен развој и економско јакнење. Со години наназад препознатлив е трендот на должење и неисплата на винарии кон лозари. Добро познатиот случај со „Повардарие“ тоа го потврдува, каде што сè уште лозарите ги немаат добиено своите пари за предадено грозје. Најзначајно во целата приказна е тоа што лозарството е повторно неорганизирано, дури стихијно, вели Мојсовска.

Од НФФ сметаат дека трудот на земјоделците не е вреднуван, а од друга страна винариите се убедени дека се значајно име на глобалниот пазар и не наоѓаат модалитет како да одговорат на потребите на лозарите со цел сите да го добијат својот дел од колачот.

Од Националната федерација на фармери потенцираат дека со години наназад бараат да се создадат вистински партнерски односи помеѓу лозарите и винариите и сметаат дека откупната цена на грозјето треба да изнесува колку 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 ден по килограм за „вранец“.

НФФ бара Инспекторатот за земјоделство да врши зачестени контроли за време на откупот и Министерството за земјоделство и рурален развој да овозможи услови за свикување на потсекторската група за вино и грозје која функционира во рамките на Министерството и согласно Законот за земјоделство и рурален развој ја разгледува состојбата во лозарството и претстојниот откуп на грозјето. Ова барање е доставено до ресорното министерство од страна на НФФ.

МИА

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:ВранецгрозјелозариНФФоткупна ценасмедеревка
Претходен напис Рецепт за конзервирање на вргањ – во сламура
Следен напис Од денес повторно стабилно, суво, сончево и топло време – детални информации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?