Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“
АгровестиСовети

Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“

Објавено 19/08/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Диверзификацијата е неопходна за развој, зголемување на вработувањето и одржлив развој на руралните средини, со што се придонесува за подобра територијална рамнотежа, како на економски така и на социјален план.

Една од специфичните цели на мерката 7 е развивање на не-земјоделски микро и мали претпријатија кои се базираат на локални ресурси и кои се поврзани со подобрување на квалитетот на живот во руралните средини.

Еден пд приоритетните сектори во ИПАРД програмата , мерка 7 спаѓа и секторот„Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци„

Во овој сектор спаѓаат следите инвестиции:

• Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
• Колачи, тестенини и пекарски производи;
• Чај и билни екстракти;
• Зачини и билки;
• Слатководна риба, ракови и мекотели и
• Други производи кои не се наведени во Листа на производи, а влегуваат во Анекс I на Договорот за фунционирањето на ЕУ
. Листата на овие производи е дадена во следната табела:

 Бриселската номенклатура Опис на производи
Поглавје 1Живи животни Поглавје 2 Месо и јадливи
Поглавје 2Месо и јадливи месни отпадоци
Поглавје 3Риби, ракови и мекотели
Поглавје 4Млечни производи; јајца птици; природен мед
Поглавје 5 
05.04Цревата, мочниот меур и желудници од животни (освен од риби), цели и парчиња од нив
05.15Животински производи на друго место неспомнати или опфатени; мртви животни од Поглавје 1 или Поглавје 3, непогодни за човечка исхрана
Поглавје 6Живи дрвја и други растенија; луковици, корени и слично; сечено цвеќе и украсни лисја
Поглавје 7Зеленчук и некои корења и грутки
Поглавје 8Јадење овошје и јатчесто овошје; кори од агруми или дињи
Поглавје 9Кафе, чај и зачини, со исклучок на мате-чај (тарифен број 0903)
Поглавје 10Житарици
Поглавје 11Производи од мелничката индустрија; слад и скроб; глутен; инулин
Поглавје 12Маслодајни семиња и маслодајна плодови; разни зрна, семиња и плодови; индустриски и медицински растенија; слама и добиточна храна
Поглавје 13 
еХ13.03Пектин
Поглавје 15 
15.01Свинска маст и други производи од свинска маст; други производи од живинска маст
15.02Непреработени масти од говеда, овци или кози; лој (вклучувајќи „premier jus“ произведен од тие масти
15.03Стеаринска маст, олеостеарин и стеарински лој; маст, маслено масло и лојно масло, не емулгирани или мешани или подготвени на било кој начин
15.04Масти и масло, риба и морски цицачи, без разлика дали се или не рафинирани
15.07Заситени растителни масла, течни или цврсти, сурови, рафинирани или прочистени
15.12Животински или растителни масти и масла, хидрогенизирани, без разлика дали се или не рафинирани, но не за понатамошна подготвка
15.13Маргарин, имитација на маст и други преработени масти за јадење
15.17Резидуи кои произлегуваат од третман на масни супстанции и животински или растителни восоци
Поглавје 16Преработки од месо, риби, лушпари или мекотелци
Поглавје 17 
17.01Шеќерна репка и шеќерна трска, цврст состојба
17.02Други шеќери; шеќерни сирупи; вештачки мед (без разлика дали се или не се меша со природен мед); карамел
17.03Меласа, без разлика дали е или не е обезбоена
17.05(1)Зачинети или обоени шеќери, сирупи и меласа, но не и овошни сокови со додаток на шеќер во било кој процент
Поглавје 18 
18.01Зрна какао, цели или искршени, сурови или печени
18.02Какао школки, лушпи, кожи и отпад
Поглавје 20Производи од зеленчук, овошје или други делови од растенија
Поглавје 22 
22.04Шира од грозје, во ферментација или со стопирана ферментација на друг начин освен со додавање на алкохол
22.05Вино од свежо грозје; шира од грозје со стопирана ферментација со додавање на алкохол
22.07Други ферментирани пијалаци (на пример, јаболковина, крушковача и медовина)
ex22.08(1)  ex22.09(1)Етил алкохол или неутрални алкохолни пијалоци, без разлика дали се или не се денатурирани, со која и да било јачина, добиени од земјоделски производи наведени во Анекс I на Договорот, освен ликери и други алкохолни пијалаци и сложени алкохолни препарати (познат како «концентрирани екстракти») за производство на пијалаци
ex22.10(1)Оцет и замена за оцет
Поглавје 23Остатоци и отпадоци од прехранбената индустрија; готова сточна храна
Поглавје 24 
24.01Непреработен тутун, отпадоци од тутун
Поглавје 45 
45.01Природна плута, необработена, мелена, гранулирана или дробена; плута отпад
Поглавје 54 
54.01Лен, суров или обработен, но непреден; влачен лен и отпад (вклучувајќи извлачени или влакнести крпи)
Поглавје 57 
57.01Коноп (Cannabis sativa), суров или обработен, но непреден; влачен и отпадоци од коноп (вклучувајќи извлачени или развлакнени крпи или јажиња)

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 5000 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

III. Прифатливи трошоци

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

IV Локација на прифатлива инвестиција

 Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”.

V. Листа на потребни документи

Покрај основната документација потребна за апликација за ИПАРД Мерка 7, СИТЕ ДОКУМЕНТИ ПОТРЕБНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР „Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“-АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА
ДОЛЖНОСТ. БАРАТЕЛОТ НЕ Е ДОЛЖЕН ДА ДОСТАВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН
СЕКТОР.

VI. Документи кои Агенцијата ги прибавува по службена должност за приоритетен сектор 2

  • РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ОПЕРАТОР СО ХРАНА
  • МИСЛЕЊЕ ДЕКА ПЛАНИРАНТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЕУ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАН

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 3 се очекува да биде наскоро објавен. Целосните информации ќе ги има откако ќе излезе повикот, но генерално ова се основните информации за Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ДиверзификацијатаИнвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци“ИпардМерка 7
Претходен напис Атанасов: Досието за стекнување статус ,,Земја слободна од чумата кај малите преживари” е спремено
Следен напис Голема побарувачка за струмичката пиперка „ајварка“
1 коментар 1 коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?