Млади претприемачи од Бугарија кои учествуваат во програмата ABLE Activator направија соларна сушара за овошје и зеленчук. Уредот претставува резултат на проектот „Гордост нa фармерите“ и претставува решение за малите земјоделски стопанства кои вложуваат многу пари за одгледување на овошје и зеленчук, а кога ќе ги исушат ќе можат да ги продаваат по повисоки цени и ќе го продолжат нивниот рок на траење.
Во тимот кој го составаше уредот за сушење учествувал и Bushan Trivedi, мажински инженер од Мумбаи Индија, кој во својата земја работел на проект за искористување на соларната енергија во социјално загрозените семејства. Тој, за потребите на сиромашните семејства изработил печка со многу мала потрошувачка на дрва. Таа печка придонесла да се подобри квалитетот на воздухот во овие семејства, а се намалило и сечењето на шумите во тие области.
Проектот на овој инженер кој го работел заедно со неговите колеги, освоил прво место на овогодинешното пролетно издание на ABLE Activator.
На пазарот постојат слични производи
Моментално на пазарот, има слични такви производи, а еден од нив беше дизајниран од SolarFlex, со кој требаше да се реши прашањето за безбедност на храната и да се отворат микро претпријатија во земјите во развој. Така, тие направија производ кој има флексибилен дизајн и е ефтин за производство.
Сушењето на овошјето и зеленчукот со овој систем е ефикасно решение за долгорочно складирање на храна за што не е потребна електрична енергија и ја елиминира потребата од хемиски конзерванси.
Употребата на сончевата енергија за оваа намена, успешно се применува во многу земји, вклучувајќи ја и Португалија. Таму локалните одгледувачи на лековити растенија ја користат сончевата енергија на нивниот имот за да заштедат енергија при сушењето на ратенијата и да ги намалат трошоците за производство. Со воведувањето на овие иновации, нивните трошоци за енергија се намалиле дури за 70%.
Извор :Агроклуб

Која е цената на машината и каде може да се набави