Во денешното интервју за Радио Пела, министерот Димковски изјави дека на 31. јули успешно заврши пријавувањето за користење на финансиска поддршка во земјоделството.
Барање за добивање на финансиска поддршка во земјоделството поднеле 65.554 земјоделци. Поради корона кризата има земјоделци кои не успале да го запазат рокот и постојано доставуваат барања до нас за продолжување на рокот. Новата Влада по конституирањето ќе ја разгледа можноста да се продолжи рокот, со цел да им овозможиме да го остварат своето право и да поднесат барања за финансиска поддршка.
Исто така, министерот изјави дека заклучно со последните ажурирања на податоците во ЕРЗС, зголемен е бројот на регистрирани земјоделски стопанства и изнесува 136.760. Имаме зголемување на бројот на жени носители на ЗС за околу 2000 нови и зголемување на бројот на млади земјоделци до 40 години за 138 нови регистрирани млади земјоделци.
Тоа укажува дека во континуитет имаме зголемување на бројките, што значи дека интересот за земјоделско производство постојано расте.
Димковски: Имаме зголемување на бројот на жени носители на ЗС за околу 2000 нови и на млади земјоделци

Остави коментар
Остави коментар