Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Целиот регион се соочува со намалена побарувачка и потрошувачка на месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Целиот регион се соочува со намалена побарувачка и потрошувачка на месо
Агровест

Целиот регион се соочува со намалена побарувачка и потрошувачка на месо

Објавено 12/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Летото е период од годината кога се троши помалку месо, но годинава, како резултат на пандемијата на корона вирусот, веќе се чувствуваат сериозни последици на пазарот на овој производ во целиот регион, изјави секретарот на Здружението за сточарство и преработка на добиток во Стопанската комора на Србија Ненад Будимовиќ за „Танјуг“.

Во првите пет месеци од оваа година производството на говедско месо во Србија се зголеми за 11%, на живина за 18%, додека производството на свинско месо се намали за 16% во однос на истиот период лани.

Целиот регион, вели Будимовиќ, се соочува со намалена побарувачка и потрошувачка на месо, затоа што нема туризам во големите градови, нема прослави, не дојдоа луѓето од дијаспората, студентските мензи не работат …

Тој истакна дека производителите на храна, особено оние на основните прехранбени производи, како месото, млекото и јајцата, покажале исклучително високо ниво на организација во производството и со големи напори успеале да обезбедат нормално снабдување на пазарот, без недостатоци.

„Веќе се чувствуваат сериозни последици од намалената потрошувачка, а тоа влијае на зголемувањето на залихите“, вели Будимовиќ.

Во првите пет месеци од оваа година, Србија извезе 2.200 тони говедско месо во вредност од околу 10 милиони евра, од кои 1.300 тони во Турција, 320 тони во Кина, 150 тони во Италија и остатокот во ЦЕФТА.

Во истиот период минатата година, Србија имала извоз од 750 тони  замрзнато говедско месо во вредност од 2,9 милиони евра.

Исто така во првите пет месеци од оваа година биле извезени само 210 тони свинско месо во вредност од околу 300.000 евра, од кои околу 120 тони во Кина, а остатокот во ЦЕФТА.

Будимовиќ истекна дека увозот на свинско месо е голем,  па затоа производството е помало.

Извозот на полутрајни и трајни производи од месо во истиот период оваа година бил 8.800 тони, во вредност од околу 23 милиони евра.

Годинава немаше увоз на говедско месо, освен мала количина телешко месо, а увезени се 9.200 тони свинско месо во вредност од околу 26,6 милиони евра, како и полутрајни и трајни производи околу 9.000 тони во вредност од околу 23 милиони евра.

Вкупниот увоз на свинско месо и месни производи во првите пет месеци од 2020 година е за околу 43% поголем во однос на истиот период лани, додека извозот е за 41% помал.

Вкупната вредност на увозот е околу 50 милиони евра, а увозниците се претежно трговски ланци, додека извозот вредеше околу 23 милиони евра.

Извор: Agronews

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
Растат цените на нафтата на светските берзи
Таг:месонамлена потроувачкапобарувачкапотрошувачкаПрехрамбени производи
Претходен напис Известување до Охридските пчелари
Следен напис Детално метео: Поизразена нестабилност за време на викендот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?