Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извозната цена на руската пченица се намали
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Извозната цена на руската пченица се намали
АгровестиПазари

Извозната цена на руската пченица се намали

Објавено 12/08/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По предходните најави дека во Русија се очекуваат добри приноси на пченица од престојната жетва, извозната цена на руската пченица се намали. Ова се случува во услови на слабеење на рубљата. Според ИЦАР, цената на пченицата која содржи 12,5%  протеини паднала  на 207 долари за тон, а само една недела порано, ценета била  210 долари за тон , објави Ројтерс.

Аналитичарите и понатаму продолжуваат со своите добри прогнози за жетвата на пченицата. Единствено намалување на приносите, се очекува во Централниот регион и регионот на Волга. Според проценката на Хидрометеоролошкиот центар на Руската Федерација, состојбата на житариците во овие региони овозможува да се очекува значително поголем принос во однос на минатата година. Земајќи ја предвид општата состојба на земјоделските култури во земјата, годинашната жетва ќе биде подобра отколку во 2019 година.

Од почетокот на сезоната, поточно од 1 до 30 јули, Русија имала извоз од  2,63 милиони тони жито, што е 32% помалку од истиот период во сезоната 2019/2020. Извозот на пченица изнесува 1,94 милиони тони, или 36% помалку од лани, изјави Агенцијата СовЕкон, повикувајќи се на царинска статистика.

Извор: Агри.бг

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извозизвоз на пченица во Русијаналамена ценапченицаРусијацена на пченица
Претходен напис Антонио Анѓеловиќ: Жетвата ја завршивме, задоволни сме од приносите особено од семенската пченица
Следен напис Кога и како треба да направите обнова на стадото со молзни крави?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?