Според податоците на Украинската организација за заштита на потрошувачите, производителите лани испорачале скоро 250 тони полжави во Европа, што е повеќе дури за 93% во однос на 2018 година. Оваа година многу се очекуваше но се појави Ковид-19.
-„Кога пред пет години ја отворив фармата за полжави овде во Војнивк во Украина, жителите не можеа да го сокријат воодушевувањето и љубопитноста. Често ќе се загледаа преку ограда и гледаа како ги чувам и на кој начин ги хранам“; раскажува за своите почетоци Јулиа Коретска и додава дека ја нарекле „Мајка на полжавите“.

Инаку, Јулиа е една од првите производители на овие мекотели во Украина, а поради позитивното искуство и добро проширената работа се заинтересирале и многу други. Денес во делови на Украина има околу 400 фарми, кои своите производи ги пласираат во европските земји како Италија и Шпанија.
Корона вирусот го намали пласманот, производите се трупаат во ладилниците
Според податоците на тамошната органзиација за заштита на потрошувачите, производителите лани испорачале скоро 250 тони полжави во Европа, што е пораст од дури 93% во однос на 2018 година.
Но, оваа година поради епидемијата сепак нема да биде така добра, тврди Коретска. Поради затворање на рестораните и останатите угостителски објекти во делови од Европа, испораките останаа во земјата и за жал пропаднаа што предизвика големи трошоци.

-„Минатата година се беше одлично, а оваа е сосема спротивна“, вели Сергеј Данилејко, сопственик на фармата „Равлик“ во Вонивк и голем бизнисмен во Шпанија, каде инаку и ги пласира своите полжави. Признава и дека се изгубени нарачките кои чинеле околу 55.000 евра, а проблем му создаваат и залихите кои пропаѓаат во ладилниците.
Главниот конкурент на Украина, Полска, има дополнителна предност што е дел од ЕУ, а украинските земјоделци работат на тоа да ги привлечат европските клиенти со пониски цени за околу 10%. Данилејко и неговиот деловен партнер во меѓувреме преговарале со азиските пазари и развивале производи врз база на овие мекотели, како на пример намаз и замрзнати полжави, наведува Еуроактив.
Предвирусен бум
Пред пандемијата, украинската индустрија на полжави беше на врвот. Националното здружение на производители соопшти дека очекува земјоделците оваа година да произведат 1.000 тони полжави за разлика од произведените 200-300 тони во 2019 година.

– „Побарувачката за нашите полжави е голема бидејќи се евтини и со добар квалитет. Со нив се прават разни пецива, замрзнати филети, ги продаваме во тегли, а во понудата имаме дури и хамбургери“, потенцира Јулија Наставина, директорка на фармата Ravlykova Khata во Житомирскиот регион западно од Киев.
И покрај својата популарност во странство, украинските полжави сега мораат да ги најдат своите потрошувачи дома, а за нив се многу скапи. Бројните ресторани сеуште не ги популаризирале.
Извор: Agroclub
