Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фрапантен податок: Само 30% од субвенциите се користат за модернизација на производството, останатите за едни преживување, за други луксуз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фрапантен податок: Само 30% од субвенциите се користат за модернизација на производството, останатите за едни преживување, за други луксуз
Агровести

Фрапантен податок: Само 30% од субвенциите се користат за модернизација на производството, останатите за едни преживување, за други луксуз

Објавено 04/11/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пишува: Ленче Николовска

Најновиот податок од анализите на Платежната агенција дека само 30% од државните земјоделски субвенции завршуваат како директна инвестиција во земјоделското за модернизација на производството е крајно загрижувачки. Останатите 70 проценти се трошат ненаменски, но тука приказната добива два парадоксални правци. За вистинските земјоделци субвенцијата е чиста инфузија за исплатливост на производството и преживување на земјоделското стопанство. Од друга страна, пак, ја имаме јавната тајна за „викенд-земјоделците“ и профитерите. Тоа се луѓе кои земјата ја гледаат само како дополнителен, лесен извор на пари, па со државните фондови купуваат лични автомобили, организираат прослави, одмори…И додека вистинскиот производител го остава здравјето на нивата, некој друг со парите од истата државна помош се луксузира.

Како да се стави крај на овој начин на трошење на земјоделските субвенции и како тие да имаат развоен ефект? Не мора да измислуваме ништо, доволно е да го препишеме моделот на Австрија и Словенија, земји кои направија совршена и јасна разлика меѓу социјална поддршка за живот на село и професионален аграр.

Првата лекција која ја учиме од нив е нивната стратегија за рурален развој. Овие држави не ги кријат социјалните и демографските мерки под превезот на производство. Напротив, тие воведоа посебни годишни субвенции за луѓето кои едноставно одлучиле да живеат, да останат и да ги одржуваат своите имоти во руралните и планинските подрачја. Ова е чист фиксен доход по хектар што ја чува заедницата жива и го спречува иселувањето. Дополнително, во Австрија постои строг лимит од максимум 100.000 евра за основни плаќања по фарма, со цел да се спречи големите агро-бизниси да ги користат сите пари на сметка на малите семејни стопанства. Со тоа, државата легално му помага на човекот да опстане на село, без да го обврзува со одредено производство.

- Реклама -
Ad image

Втората, уште поважна лекција, е суровиот професионализам во поделбата на земјоделските субвенции. За разлика од кај нас, во Австрија и Словенија парите се строго наменски и се доделуваат исклучиво за предаден финален продукт, за модернизација, нови технологии, трактори и системи за наводнување.

Таму контролата е немилосрдна. Словенечкиот и австрискиот систем користат софистицирани сателитски снимки и детални сметководствени фактури за секој исплатен цент. Никому не може да му падне на памет со аграрни фондови да купува личен луксуз, бидејќи дигиталниот систем веднаш ќе ја открие злоупотребата, а казните се огромни — од долгогодишна забрана за субвенции до кривичен прогон. Покрај тоа, во согласност со европските правила за транспарентност, двете земји секоја година јавно ги објавуваат имињата на сите корисници и точната намена за која ги добиле парите. Кога сè е јавно и на увид на граѓаните, просторот за шверцерски „викенд-земјоделци“ е рамен на нула.

Време е сериозно да се размисли за примена на ваков модел и кај нас во Македонија. Ни треба радикален, европски пресврт и развојна компонента на субвенциите. Крајно време е да воведеме модел кој чесно ќе му помогне на семејството да остане и да живее во село, но исто толку строго ќе бара секој денар наменет за производство да заврши на нивата, а не на плажа.


Може да ви се допадне

Серафимовски: Институциите подготвени за навремен почеток и инспекциски надзор на откупот на тутунот
Нивото на водата на Охридското Езеро 14 сантиметри под просекот за ноември
Се подготвува исплатата на 8 денари за килограм оризова арпа
„Флајдубаи“ од 1 април 2027 година повторно ќе лета на релација Дубаи – Скопје
Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро
Таг:Ленче Николовскасубвенциии
Претходен напис Серафимовски: Институциите подготвени за навремен почеток и инспекциски надзор на откупот на тутунот
Следен напис Грант до 600.000 евра за развој на бизниси: Производство на мебел, облека, преработки од дрво, хартија, гума, кожа…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?