Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Мицкоски вели дека Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Мицкоски вели дека Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари
Агровести

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, Мицкоски вели дека Владата ќе настојува така да биде и по 1 јануари

Објавено 16/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

– Приоритет на оваа Влада е да ја одржи енергетската стабилност. Ние тоа го правиме во услови на најголема енергетска криза во светот што човештвото ја памети. Секаде во регионот и во Европа цените на енергентите пробиваат рекорди. Веќе имаме држави во Европа, каде што цената на дизелот и безоловниот е поголема од 3 евра за литар. Ние сè уште сме под 1,6 евро за литар благодарение на политиките на Владата. Во таа насока планираме да продолжиме и кога станува збор за електрична енергија. Се бориме и она што е наш приоритет – да остане цената иста, да нема зголемување. Тоа впрочем го правиме во три регулаторни периоди. АД ЕСМ не е единствена што бара нивелирање на цените, тука се уште неколку компании, тука е операторот, тука е дистрибутерот, тоа е приватната компанија ЕВН. Можеби треба и нив да ги прашате како тие ќе се однесуваат – изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новото основно училиште во Ченто.

Премиерот не се согласува со ставот дека цената на струјата најмногу зависи од ЕСМ. Одговори дека нема да се понуди помала цена од 65 евра. 

– Не, во овие услови какви што се денеска на берзите и 65 е трипати пониска од онаа што ја плаќаат во соседството и граѓаните во Европа – изјави премиерот. 

Мицкоски беше дециден дека Владата ќе се бори да ја постигне истата цена, дека до декември цената на електричната енергија нема да се зголемува. 

– Од 1 јануари да почекаме што ќе кажат енергетските компании, па ќе видиме. Јас не можам да ја прејудицирам одлуката на Регулаторната комисија – рече премиерот. 

Премиерот исто така рече и дека не се планираат измени во тарифните блокови за електрична енергија.

Може да ви се допадне

Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.10.2026 година
Прометот во индустријата зголемен за 8,8 проценти во август
Хоџа во Куманово: Над 33 милиони денари поддршка за зелена нафта за земјоделците од Кумановскиот регион
Список на кандидати кои исполнуваат законски услови за полагање испит за лиценца за процена на тутун
Таг:ВладатагодинатаМицкоскиструјатацената
Претходен напис Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.10.2026 година
Следен напис Охридското Езеро порибено со сто илјади единки охридска пастрмка, за следната година планирани уште 1,55 милиони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?