Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голема побарувачка за белгиските цреши од домашните и од странските купувачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Голема побарувачка за белгиските цреши од домашните и од странските купувачи
ПазариРастително производство

Голема побарувачка за белгиските цреши од домашните и од странските купувачи

Објавено 03/07/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако голем број земји не можат да се пофалат со добри приноси на црешите оваа година, Белгија е во предност, а бербaта исто така таму започна многу порано.

На европскиот пазар на почетокот на мај недостигаа цреши и тоа најмногу поради временските услови во производствените подрачја на Португалија, Италија, Франција и Шпанија, а сега изгледа дека состојбата се подобрува па поедини земји се задоволни со своите приноси.

Една од нив е Белгија, каде што бербата започна нешто порано од вообичаеното, а судејќи по големата побарувачка на домашните, но и на странските купувачи, оваа година би можела да биде многу добра.

Стравуваат од обилни дождови

„Се чини дека одгледувањето на цреши напредува. Тргнавме со берба пет до десет дена порано. Раните сорти се продадоа многу брзо, а со подоцните започнавме минатата недела. Ние производителите сме многу оптимистични особено кога слушаме дека нашите плодови се барани и во странство па дури и во прекуокеанските земји“, изјавила Карел Белманс од “Belgische Fruitveiling”. Таа признава и дека моментално единствен страв претставува најавениот обилен дожд кој би можел да предизвика пукање на плодовите.

Иако во Белгија, одгледувањето на цреши е концентрирано на одрeдени подрачја, сепак постои фокус на култивираното производство.

„Внимателно го следиме развојот на новите сорти бидејќи сакаме да напредуваме. Сортата Рана Самба која кај нас најмногу се произведува е висококвалитетна, меѓутоа е многу тешка за одгледување. Мислам дека би можеле да имаме 40% покриено производство ако цените тоа го дозволат. На крајот на краиштата, како што веќе напоменав, оваа сорта многу чини“, напоменува Карел.

Во Германија сепак има пониски приноси и тоа за 11%

Германските овоштари сепак очекуваат нешто пониски приноси во однос на 2019 година. Врз основа на првата проценка на Сојзуниот завод за статистика (Destatis) се очекува вкупната количина на собрани цреши да изнесува 53.500 тони што би било намалување за 11% во однос на минатата година, а како главна причина го наведуваат доцниот мраз и сушната пролет.

И покрај падот, се очекува приносите на цреша да бидат 12% над десетгодишниот просек од 47.800 тони.

Извор: Аgroklub.rs

Може да ви се допадне

Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Зголемени и извозот и увозот, најмногу се тргува со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија
Листа на најлошо платени работни места во Германија: Овие плати ги изненадуваат дури и германците
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Таг:белгијабелгиски црешиГерманијацреши
Претходен напис Кога е најдобро време за берење на грашокот
Следен напис Димковски од Ресен: Добиена е нова согласност за набавка на пластични гајби, преку ИПАРД програмата, Мерка 1
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?