Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина
Агровести

Океаните апсорбираа лани рекордна количина топлина

Објавено 30/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светските океани лани апсорбираа рекордни 23 зетаџули топлина, што е речиси 40 пати повеќе од вкупната количина на енергија потрошена од човештвото во текот на истата година, според извештајот за состојбата на океаните на програмата „Коперникус“.

Во 10-то издание на извештајот се наведува дека од 1999 година нивото на морето се зголемува во просек за околу 3,8 милиметри годишно, додека помеѓу 2012 и 2025 година овој раст се забрзал на 4,2 милиметри годишно, објавува „Гардијан“. Се додава и дека глобалниот океан станал за 17 проценти покисел во последните 40 години.

Океаните апсорбирале околу една третина од јаглерод диоксидот што го испушта човештвото, како и околу 90 проценти од дополнителната топлина заробена во Земјиниот систем од емисиите на стакленички гасови. Научниците утврдиле дека Медитеранско и Црно Море се погодени од рекордни морски топлотни бранови, при што високите температури се задржуваат длабоко под површината.

Средоземното Море се затоплува за 0,32 степени Целзиусови по деценија, а особено се забрзува во последните години, што придонесува за почести морски топлотни бранови.

- Реклама -
Ad image

Извештајот, исто така, ги покажа значајните последици од затоплувањето за морскиот живот. Од јануари 2023 до септември 2025 година, 84 проценти од светските корални гребени биле изложени на топлински стрес.

Во изминатите 30 години, речиси пет проценти од површината на океанот доживеале трајни промени во моделите на раст на фитопланктонот, микроскопски организми кои претставуваат основа на многу синџири на исхрана и играат важна улога во регулирањето на протокот на јаглерод.

На Антарктикот, во 2022 година, четири колонии на царски пингвини доживеале целосен неуспех во размножувањето за време на период на рекордно низок морски мраз. 

МИА

Може да ви се допадне

Скопје ќе биде домаќин на првиот форум за енергетска дипломатија – обновливи извори, зелени инвестиции и жените во енергетиката
Есенската сеидба е при крај во Прилепско, се намалуваат површините со пченица поради ниската откупна цена
АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
Без вода дел од Центар поради уличен дефект
Таг:океанитерекордна количинатоплина
Претходен напис Хоџа во Преспа го посети младиот земјоделец Селим Зејнели
Следен напис Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?