Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа на „ЕУ за Преспа“: Инвестицијата во модерното земјоделство е инвестиција во иднината на Преспа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа на „ЕУ за Преспа“: Инвестицијата во модерното земјоделство е инвестиција во иднината на Преспа
Агровести

Хоџа на „ЕУ за Преспа“: Инвестицијата во модерното земјоделство е инвестиција во иднината на Преспа

Објавено 29/09/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, денеска во Ресен учествуваше на настан организиран во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од УНДП во соработка со националните и локалните институции.

Во своето обраќање, Хоџа го истакна значењето на директната поддршка за земјоделците преку знаење, современа опрема, поефикасни системи за наводнување и нови технологии.

„Преспа покажува дека можеме да произведуваме подобро, поефикасно да ги користиме ресурсите и истовремено да ја заштитуваме природата. Нашата цел е успешните практики што се развиваат овде да послужат како модел и за другите земјоделски региони во државата“, истакна Хоџа.

Настанот се одржува на самиот почеток на сезоната на берба на јаболката во Преспа. Хоџа на овоштарите им посака успешна берба, квалитетно производство и нивниот труд во текот на целата година да биде соодветно вреднуван.

Во рамки на проектот, земјоделците од Преспа добиваат поддршка преку обуки, менторство, современа опрема и технологии, напредни системи за наводнување и мерки за поефикасно управување со почвата и водата.

Проектот „ЕУ за Преспа“ има за цел заштита на природните ресурси, модернизација на земјоделството и создавање нови економски можности за локалната заедница.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Без вода дел од корисниците во Центар, а без струја делови од општините Бутел, Шуто Оризари и Илинден
Екстремното лето ги чинеше европските земјоделци меѓу 14 и 17 милијарди евра
АМСМ: Сообраќајот се одвива по суви коловози, на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез
МВР: „Безбеден град“ овозможува проверка и електронско плаќање сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки
Регулаторна: Од полноќ поскап бензин – значително поевтин дизел
Таг:ЕУ за Преспамодерното земјоделствоХоџа
Претходен напис Екстремното лето ги чинеше европските земјоделци меѓу 14 и 17 милијарди евра
Следен напис Без вода дел од корисниците во Центар, а без струја делови од општините Бутел, Шуто Оризари и Илинден
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?