Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација
Агровести

МЕРМС: Голем интерес за обновливи капацитети, со системски решенија за реални проекти и побрза реализација

Објавено 28/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Предвидлива регулаторна рамка, подобра институционална координација и поврзување на регулативата со пристапот до финансирање се клучни за инвестицискиот интерес за обновливи извори на енергија да се преточи во реални и одржливи проекти.

Ова била една од главните пораки на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на форумoт „Управување со паметни згради и зелено финансирање за почист воздух во Северна Македонија“, организиран во рамки на соработката со UNECE и UN Country Team, со учество на UNDP, IOM, EBRD и други партнерски институции.

Форумот обединил претставници на државните институции, меѓународните организации, финансискиот и бизнис-секторот и академската заедница, со фокус на практични решенија за унапредување на енергетската ефикасност, инвестициите во обновливи извори на енергија и зеленото финансирање.

На панел-дискусијата „Од индивидуални предизвици до системски решенија“, Виолета Николова, посебен советник и раководител на Секторот за обновливи извори на енергија, истакнала дека во Македонија постои значителен инвестициски интерес за ОИЕ, а следниот важен чекор е создавање услови тој интерес да резултира со реално спроведливи проекти.

-Кога исти предизвици се повторуваат кај повеќе проекти, тие веќе не се само индивидуални проблеми, туку сигнал каде системот треба да се подобри. Индивидуалните предизвици треба да станат институционално знаење, рекла Николова.

Посебен акцент бил ставен на практичната имплементација на новиот Закон за обновливи извори на енергија и подготовката на подзаконската регулатива, со цел воспоставување јасни и применливи правила, подобра координација меѓу надлежните институции и поголема предвидливост на постапките и роковите.

Во дискусијата била нагласена и потребата да се направи јасна разлика меѓу инвестициски интерес и проекти со реален пат кон реализација, земајќи ги предвид земјиштето, дозволите, капацитетот на мрежата, финансирањето и реалните рокови за изградба.

Форумот бил посветен и на дигиталното управување со енергијата во јавните згради, напредната мерна инфраструктура и зеленото финансирање, како важни инструменти за подобрување на енергетската ефикасност, зголемување на инвестициите во обновливи извори и придонес кон почист воздух.

Министерството, велат оттаму, продолжува со активности насочени кон создавање стабилно, предвидливо и функционално инвестициско опкружување, со јасни правила, јасни надлежности, јасни рокови и еднаков третман – како основа за забрзување на енергетската транзиција во земјата. 

МИА

Може да ви се допадне

ДДВ од 10% за горивата продолжува до 12 октомври
Азески со домашните бизнисмени околу Законот за јавни набавки на средба со трите регионални комори од Прилеп, Битола и Кичево
КЗК: Контроли во 30 откупни центри на земјоделски и градинарски производи, констратирани можни прекршувања на прописите
АХВ по повод Денот против беснило: Домашните миленици редовно да се носат на вакцинација и да бидат микрочипирани
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје: Водата е безбедна за пиење
Таг:интерескапацитетиМЕРМСрешенија
Претходен напис Азески со домашните бизнисмени околу Законот за јавни набавки на средба со трите регионални комори од Прилеп, Битола и Кичево
Следен напис Променливо облачно со сончеви периоди до крајот на седмицава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?