Секторот за санитарна контрола во периодот од 21 до 25 септември зеде 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во соопштението се додава дека неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење е добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
