Полжавите се баран деликатес во делови од светот, а тоа го препозна Коста Качев, млад инженер за градежништво од Бугарија. На својата фарма одгледува околу 250.000 полжави.
Иако некогаш одамна семејството на младиот инженер Коста Качев се занимавало со одгледување на овци и производство на сирење, тој одлучил да отвори фарма за полжави.
Дипломирал градежништво, но се определил за земјоделство. “Иако полжавите и немаат некоја врска со класичното сточарство, се одлучив за нивно одгледување бидејќи тоа е нешто интересно и не баш развиено во Бугарија. Отидов на една фарма, го запознав сопственикот кој ми обајсни се за нивно одгледување, размислив и одлучив да тргнам во тој бизнис“, изјавил Коста.

Товот на полжавите трае од 4 до 5 месеци
Неговата фарма се наоѓа на истокот на земјата, во село Садиево на 30 км од Црно море, а површината за одгледување се простира на 2.000 м2. Видот кој го одгледува е Helix Aspersa Maxima, кај нас позната како кафеав градинарски полжав. Иако куќичката му е малечка отколку кај останатите видови, има повеќе месо. На пример, дивиот полжав Helix lucorum кој е баран во Грција има 30% поголема куќичка но неговото месо има поинаква киселост.
Секоја година на средината на јуни ја полни фармата со мали полжави и започнува товење кое трае 4 до 5 месеци. Во текот на денот овие мекотели не се активни, а се хранат навечер кога ги посетува и младиот фармер.
“На земјиштето засеав бела детелина која им служи за разладување, а дел и како храна“, вели Качев и потенцира дека половина од парцелата завзема дрвена површина на која се шири храната подготвена по посебен рецепт.

Почетната инвестиција се враќа во втората година?
“Работата со полжави не е баш бавна“, се шали Качев. „ Имено, почетната инвестиција се враќа во втората година со строго придружување на технологијата за одгледување. Во почетокот е потребно околу 15.000 до 18.000 лева“, вели тој потенцирајќи дека најмногу внимавал на изборот на дрвени подлоги за исхрана бидејќи таа мора да се прилагоди на движењето на полжавите.
Качев одгледува околу 250.000 од овие ситни животни а вкупната инвестиција не ја вклучува вредноста на сточната храна, туку само изградба на фармата и набавка на мали полжави. ” За 1 кг полжави потребно е 1,2 до 1,3 кг крма, а понекогаш товот е побавен и полжавите мораат подолго да јадат“, открива Качев и зборува добар пример за побавен тов е година со повеќе дождови.
Имено, во текот на дождливите денови храната од дрвените подлоги брзо се мие а кај таквите услови полжавите се собираат во ноември додека во нормални години тоа се прави во септември или октомври.

Планира понатамошна преработка
Полжавите ги продава на бугарскиот и на грчкиот пазар, а во план му е машина за преработка во која би ги подготвувал полжавите по калсична рецептура на француска Бургундија, продавајќи замрзнати, варени или само како месо.
Имено, нивното месо содржи повеќе протеини отколку рибата, блиско е на говедското и пилешкото а треба да се напомене дека содржи многу помалку масти. Од друга страна, голем дел се незаситените омега – 6 и омега – 3 масни киселини додека енергетската вредност на месото од полжав е околу 67-81 kcal/100 г што е многу пониско од говедското или риба. Полжавите се сметаат за силен афродизијак, не содржат холестерол и помагаат во спречување на гастритис и чир, а поради високата содржина на железо помагаат и кај анемија.

Фарма како туристичка атракција?
И покрај сите предности на ова месо, бугарскиот како и нашито пазар не е развиен, но на пример Италија, Франција и Шпанија па дури и Португалија бележат голема побарувачка и таму често се одгледуваат.
Французите консумираат најмногу полжави на светот дури околу 35.000 тони годишно од кои само 1.000 се произведуваат на 300 француски фарми. Значи, таа земја во целост зависи од увоз на мекотелите собрани во природата или одгледувани на фарми, што може да претставува одлична можност во земјоделството.
Како што таму сопствениците своите фарми ги покажуваат на посетителите и од нив направија туристички атракции така во план има и овој млад бугарски земјоделец кој освен одгледување на полжави се занимава и со еколошко производство на шери домати.

Извор: Agroclub
