Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска метеоролошка организација: 2025 година меѓу најсушните за реките во светот во последните неколку децении
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светска метеоролошка организација: 2025 година меѓу најсушните за реките во светот во последните неколку децении
Агровести

Светска метеоролошка организација: 2025 година меѓу најсушните за реките во светот во последните неколку децении

Објавено 17/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За реките ширум светот, минатата 2025 година беше една од најсушните во последните неколку децении, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО), предупредувајќи дека тоа укажува на намалување на резервите на вода на површината на Земјата и предизвикува загриженост за идното снабдување со вода. 

Копнените резерви на вода, вклучително и подземните води, езерата, вегетацијата, мразот и снегот, се намалуваат веќе една деценија, се наведува во извештајот на СМО за состојбата со глобалните водни ресурси.

Агенцијата на Обединетите нации предупреди на „сериозни идни последици“ од овој тренд, бидејќи тие резерви служат како своевиден заштитен резервоар за планетата во исклучително сушни години, каква што беше 2025 година.

„Сега трошиме од заштедите. Глобалните копнени резерви на вода покажуваат надолен тренд уште од периодот 2014-2016 година. Станува збор за постојан сигнал што трае веќе една деценија“, изјави генералната секретарка на СМО, Селест Сауло, во соопштението објавено со извештајот.

Податоците на СМО покажуваат дека проток на вода под нормалното ниво е забележан во повеќе од третина од речните сливови во светот, што ја прави 2025 година една од најсушните за реките на глобално ниво откако се собираат податоци, односно во последните 35 години.

Сепак, во некои речни сливови, на пример во делови од Јужна Азија, е забележан вишок вода, што укажува на сè понестабилни и понепредвидливи водни циклуси, се наведува во извештајот.

Во 2025 година е забележано и широко распространето топење и губење на глечерите во сите региони, што е четврта последователна година со таков тренд. Во извештајот се наведува дека тоа ќе доведе до долгорочна несигурност во снабдувањето со вода. 

МИА

Може да ви се допадне

Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати
На Табановце ќе биде промовиран системот на телесни камери за царинските службеници
Без вода денеска дел од корисниците на улицата „Ацо Караманов“
Лидерски појадок на тема „Дигитализација и иновации“, во организација на Здружението на бизнис жени
Министерот Серафимовски во Ресен на средби со производители и откупувачи на јаболка
Таг:2025 годинадеценииметеоролошка организацијанајсушните
Претходен напис Нема активни пожари, два се под контрола, а 14 изгаснати
Следен напис Фокача со печен домат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?