Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лидерски појадок на тема „Дигитализација и иновации“, во организација на Здружението на бизнис жени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лидерски појадок на тема „Дигитализација и иновации“, во организација на Здружението на бизнис жени
Агровести

Лидерски појадок на тема „Дигитализација и иновации“, во организација на Здружението на бизнис жени

Објавено 16/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес во Хотел „Карпош“ во Скопје се одржа Лидерски појадок на тема „Дигитализација и иновации“, во организација на Здружението на бизнис жени.

Настанот се одржа во рамки на проектот „Зајакнување на екосистемот за женско претприемништво во Северна Македонија и подобрување на одржливоста на Здружението на бизнис жени“, финансиран од Center for International Private Enterprise

Свои излагања имаа:

▪️Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени;

▪️м-р Марија Михајлоска Јанкуловска, консултантка;

▪️Марија Митева, портпаролка на Владата на Република Северна Македонија;

▪️Елена Петрова, директорка на Управата за јавни приходи;

▪️Гордана Клинчарова, државна секретарка во Министерството за дигитална трансформација.

Преку нивните излагања беа споделени значајни искуства, ставови и идеи за улогата на дигитализацијата и иновациите во развојот на бизнисите и унапредувањето на деловното опкружување.

Директорката на УЈП информира во своето обраќање на тема „Дигитална трансформација: решенија, иновации и можности за бизнисите“ посочи дека:

„Дигитализацијата не треба да биде уште една обврска. Таа треба да биде алатка за подобар бизнис.“

За мене, дигиталната трансформација не е само воведување нова технологија. Таа значи промена на начинот на работа – услугите да бидат полесни, побрзи и попредвидливи за граѓаните и компаниите.

Посебно разговаравме за е-Фактурата, нејзината практична примена и роковите, а ги споделив и плановите и активностите на УЈП во насока на понатамошна дигитализација на даночните процеси.

Верувам дека отворениот дијалог со бизнис-секторот е клучен за успешно спроведување на дигиталните реформи.

Лидерството на жените значи визија, храброст, одлучност и – отвореност за промени. Промените се случуваат континуирано, особено преку дигиталната трансформација. Жените претприемачки, бизнисменки, менаџери го покажуваат своето лидерство и со прифаќање на промените од дигитализацијата, не како воведување нови технологии, софтвери или ИТ системи, туку како промени на начинот на работење кои ќе генерираат раст, поголема продуктивност и конкурентност, рече Петрова.

Настанот беше збогатен со отворена дискусија и вмрежување, кои овозможија размена на мислења, искуства и контакти, како и создавање нови можности за соработка.

Голема благодарност до сите присутни за нивното учество, придонесот и инспиративните дискусии. Вашата поддршка и активност го направија овој настан успешен и значаен.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски во Ресен на средби со производители и откупувачи на јаболка
АПРЗ: Потпишан меморандум за соработка со Општина Неготино
Божиновска: Батериите, складирањето и водородот се сегментите во кои може да ја интензивираме соработката со австриските компании
Раст на прометот во индустријата
Зголемен прометот од продажба на услугите
Таг:жениЗдружение на женилидерски доручек
Претходен напис Министерот Серафимовски во Ресен на средби со производители и откупувачи на јаболка
Следен напис Сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?