Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Рамен со пилешко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Рамен со пилешко
Магазин

Рамен со пилешко

Објавено 16/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Топол и ароматичен јапонски специјалитет со богата пилешки бујон, нежно месо, нудли, шитаке печурки и меко варено јајце. Ѓумбирот, соја сосот и свежиот зеленчук му даваат прекрасна арома и богат умами вкус.

За течноста:

  • 800 г пилешко месо со коска – копани или батак
  • 1 праз
  • 1 главица кромид
  • 1 цела главица лук
  • парче свеж ѓумбир
  • 3–4 моркови
  • 5–6 шитаке печурки
  • околу 2,5–3 л вода


За сосот:

  • 8 лажици терјаки сос
  • 2–3 лажици соја сос, или по вкус
  • 2 млади кромидчиња
  • свеж ѓумбир, по вкус


За сервирање:

  • 400 г нудли
  • 4 јајца
  • сусам црн и бел

Подготовка: 

Во големо тенџере ставете го пилешкото, празот, кромидот, лукот, морковите и ѓумбирот. Налејте со вода и оставете да се вари на тивок оган околу 1½–2 часа, за да се добие ароматичен и богат бујон. Пилешкото извадете го од тенџерето, одвојте го месото од коските и исечете го на помали парчиња. Бујонот процедете го, а морковот можете да го исечете и да го додадете при сервирањето. Шитаке печурките додајте ги во процедениот бујон и варете ги уште неколку минути. Потоа извадете ги и исечете ги на парчиња.

Во мал сад измешајте ги терјаки сосот, соја сосот, ситно сечканиот млад кромид и малку свеж ѓумбир. Нудлите сварете ги одделно според упатството на пакувањето. Не ги варете во бујонот. Јајцата варете ги 7–8 минути, за жолчката да остане мека. Изладете ги, излупете ги и пресечете ги на половина.

Во длабоки чинии ставете од подготвениот сос, па налејте го врелиот пилешки бујон. Додајте ги нудлите, пилешкото и шитаке печурките. Одозгора ставете по половина јајце, додајте малку млад кромид и наросете со сусам.

Послужeте го врел и веднаш по подготовката, додека нудлите се свежо сварени, а пилешкото и бујон се топли и ароматични.

МИА

Може да ви се допадне

Штрудла со јогурт и ореви
Потпечени макарони со спанаќ
Поховани печени пиперки
Крем супа од грашок
Запечени тестенини со пилешко и печурки
Таг:пилешкоРамен
Претходен напис Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
Следен напис Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?