(ВИДЕО) Дали АХВ ги испита пиперките пред извоз? Ако се со пестициди, а не се контролираат тие завршуваат на нашиот пазар?!
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Поради информациите дека се враќа на македонската пиперка од странство со наводно вишок пестициди земјоделците предлаат проверките при извоз да го врши при излез Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Тоа претставува некој вид притисок на нашето производство. И јас во овој случај би повикал АХВ да преземе соодветни мерки тука да се проверуваат пиперките на излез за да не ни се случуваат овие работи, затоа што не можеме да веруваме на оние коишто надвор во своите држави вршат проверка и таму ги уништуваат пиперките. Од друга страна се поставува едно логично прашање: каде одат произведените пиперки коишто не се извезуваат, а АХВ ги нема откриено. Тие сите завршуваат на нашиот пазар. Значи сите ние ги ги конзумираме пиперките коишто се преполни со пестициди доколку ги има. Ова уште додатно ги оцрнува нашите градинари за коишто барем голем дел знам дека воопшто немаат таква можност за за користење на пестициди во толку големи количини. Претпоставувам дека има влијание и тоа и тоа треба сериозно да ги загрижи и Владата и Агенцијата за храна и ветерина и секој да си го сработи својот дел од работата за којашто е платена,“ вели Васко Јосифоски, земјоделец од битолско Трновци.